Бискупот Стојанов го посети центарот за млади во Сараево

Бискупот Стојанов го посети центарот за млади во Сараево

На 24 февруари 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го посети Надбискупскиот центар за млади Иван Павле II во Сараево, каде што се сретна со директорот о. Шиме Маршиќ,

Директорот Маршиќ му ја претстави зградата на центарот за млади, а за време на рабониот ручек директорот Маршиќ го запозна бискупот Стојанов со пасторалните активности и проектите кои ги спроведува центарот.

Бискупот се заблагодари за отвореноста на центарот, кој покажа ширина кога минатата година при формацијата за млади аниматори на специјализација доаѓаа и млади од Македонија. Исто така ја истакна дека ја доживеал радоста од формацијата на младите, како и нивната подговеност добиеното искуство да го пренесат на мисиската Црква во Македонија, согледувајќи дека младите имаат свое место во Црквата.

Директорот Маршиќ искажа подговеност за соработка во поглед на пасторалот за млади во Македонија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот