Честитки од Папата до кралицата Елизабета за 70-годишното владеење

Честитки од Папата до кралицата Елизабета за 70-годишното владеење

Папата Фрањо упати честитка до британската кралица Елизабета по повод платинестиот јубилеј и 96. роденден, во која ги ветува неговите молитви за просперитет и мир. Светиот Отец уште во март испрати писмо со добри желби, придружено со подарок од либански кедар во знак на благодарност за ангажирањето посветено за грижата за целото создание.

„Семоќниот Бог на вас, на членовите на кралското семејство и на сите луѓе во земјата да ви даде благослов на единство, просперитет и мир“ – посака папата Фрањо во телеграмата до кралицата Елизабета Втора. по повод 70-годишнината од нејзиното владеење и по повод јавната прослава на нејзиниот 96-ти роденден.

Писмо до кралицата Елизабета Втора

Папата Фрањо веќе на 29 март испрати писмо во Бакингемската палата во кое, посакувајќи добри желби за Обединетото Кралство, ја изразува својата благодарност за упорната и непрекината служба на британската кралица за „доброто на нацијата, напредокот на нејзиниот народ и зачувувањето на познатото духовно, културно и политичко наследство“. Како посебно признание за нејзината ангажираност за грижата за созданието – како што истакнува Папата- тоа е дар што треба да се негува за доброто на идните генерации, Папата во своето писмо напоменува дека на кралицата Елизабета и подарил либански кедар во врска со иницијативата наречена Queen’s Green. Нека ова дрво, кое во Библијата го симболизира цветањето на силата, правдата и просперитетот, биде залог на изобилни божествени благослови на вашето кралство – напиша папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот