Програма за Апостолското патување на папата во ДРК и Јужен Судан

Програма за Апостолското патување на папата во ДРК и Јужен Судан

Програмата на 37. Апостолско патување на папата Фрањо, што ќе се одржи на почетокот на јули годинава, ќе опфати две земји и ќе има екуменска димензија.

Две земји, три града, средби со луѓе погодени од насилство и војна. Од 2 до 7 јули 2022 година, папата Фрањо ќе го започне своето 37. Апостолско патување, при што конечно ќе ја исполни својата желба, најавена пред неколку години, да го посети Јужен Судан и Демократска Република Конго. Канцеларијата за печат при Светиот Престол ја објави програмата за ова патување.

Папата ќе појде во сабота наутро, на 2 јули, од меѓународниот аеродром во Рим, Фиумичино и по повеќе од седумчаса лет ќе пристигне во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго. Од аеродромот, каде е предвидена официјален пречек, ќе замине во Претседателската палата, каде што ќе го посети шефот на државата и ќе се сретне со претставници на властите и дипломатскиот кор, каде ќе го одржи својот прв говор. Денот ќе заврши со средба со Исусовците во Апостолската нунциијатура.

Во недела, 3 јули, Светиот Отец претпладне ќе служи Света Миса, која ќе заврши со молитвата „Ангел Господов“, а вечерта во катедралата ќе се сретне со бискупите, свештениците, посветени лица и богословите.

Утрото на 4 јули, папата Фрањо ќе отпатува во Гома, главниот град на Северен Киву. Тами ќе служи Света Миса во бегалскиот камп Кибумба, а вечерта ќе се сретне со жртвите на насилство, по што ќе се врати во Киншаса.

Во вторник на 5 јули, Светиот Отец ќе се сретне со младите и катехистите во главниот град на Демократска Република Конго, по што ќе отпатува за Џуба, главниот град на Јужен Судан, каде на аеродромот ќе се одржи официјална церемонија за пречек. Денот ќе заврши со куртоазна посета на шефот на државата, средба со потпретседателите и заедничка средба со владини претставници, граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор во Претседателската палата.

Првиот настан во среда, 6 јули, е посета на камп за внатрешно раселени лица, по што ќе следи средба со Исусовците во Апостолската нунцијатура. Вечерта во катедралата ќе се одржи средба со бискупите, свештениците, посветените лица и богословите, а потоа следува екуменска молитва во мавзолејот Џорџ Гаранг. Следното утро откако ќе отслужи Света Миса на истото место, Папата ќе се упати назад за Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот