Папата повикува на молитва за христијаните во Ирак

Папата Фрањо повторно ги поттикна верниците да молат за христијаните во Ирак. „Ги молам сите католички парохии и заедници овој викенд посебно да молат за христијаните во Ирак“, напиша во сабота, 9 август Папата во пораката на Твитер.

Папата вчера испрати три твитер пораки во кои ги поттикнува верниците католици да молат за мир и да дејствуваат во корист на мирот посебно во овој тежок период за Ирак и Блискиот Исток.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот