Еросот и Евангелието (1. дел)
Овие редови ќе нè воведат во ново размислување за односот помеѓу еросот и Евангелието. Еден од најголемите филозофи на денешнината Жан-Лук Марион (род. 1946 год.) се зафатил со размислување за еротскиот вид на љубов и дошол до многу изненадувачки откритија. Тој забележува неуспешни обиди за зборување за љубовта; романи кои не успеват да ја објаснат реалноста; теологија која не успева да ја објасни световноста; дека на психоанализата и недостасуваат зборови да ја искаже и изрази љубовта, а филозофијата при сето тоа немоќно и тврдоглаво молчи. Таа љубовта поодамна ја препушти на заборавот и ја лиши од нејзиното значење.
Марион одлучува да го прекине овој молк и одново да го открие поимот љубов. Со силата на разумот отворен кон виситната тој тргнува одоздола, од согледување на љубовта кои на секого му се блиски, и доаѓа до извонредни резултати: ако е вистинска – љубовта е единствена (еротска, пријателска – филија и себедарна – агапе) и љубовта не може да се објасни без Евангелието. Тоа претставува досега неслушнат предизвик, научно аргументиран и филозофски вкоренет: независно од светогледот на оној кој љуби, структурата на љубовта веќе сама по себе има непроценлива потреба од логиката на Евангелието. Без таа логика исчезнува и еросот и достоинството на личноста.
На почетокот на овие размислувања, Марион предупредува на сегашната ситуација на еросот и потребата за откривање на неговата вистина. На тој пат како скапоцен се покажа феноменолошкиот пристап. Првиот чекор е таканаречената „еротска редукција“. Наједноставно кажано таа би значела: да се остави на страна сè, освен љубовта, и да се открие дали сум љубен и можам ли да љубам.
Кон стварноста на еросот се приближуваме набљудувајќи ја од една страна љубовта во општеството, а од друга страна потребата за неа и нејзината состојба во внатрешноста на човекот. Многу показатели упатуваат на хипереротизираност на денешното општество. На секој чекор се алудира на човечката еротска димензија. Тоа се прави со хедонистичка цел, маркетиншки ефекти, но исто така и поради идеолошки и политички цели кои ја поттикнуват желбата за моќ и власт. Независно од инструментализацијата на еросот, во неговиот корен, и тоа треба јасно да се нагласи, е длабоката потреба на човекот за среќа. Еросот кој означува длабока немирна потреба од желба за љубов, екстазно потикнување за самосоздавање преку љубовните задоволства, се наметнува како пат за остварување на среќата. Но од каде доаѓа сигурноста дека еросот вистински ќе ме направи среќен? Еросот е многу интимна стварност. Таа не го остава човекот рамнодушен, го зафаќа и условува. Затоа е важно да се открие вистината за таа човечка димензија, вистина која не се сведува на морализирање, на непромисленото практицирање, на идеолошкото манипулирање или инструментализирање – вистина која те прави среќен.
Пречистување на поимот љубов
Францускиот филозоф на феноменолошката школа Жан Лук Марион, оженет и татко на две деца, се занимава токму со таа тема во своето дело „Еротски феномен“ (Le Phénomene érotique) од 2003 година. Марион се сместува во феноменолошката струја која настојува да се врати на работите во вистинската нивна појава. Марион настојува да ја доведе феноменолошката филозофија до крајните последици, откривајќи ја вистината за феноменот во неговото автентично појавување. Во односот кон феноменот, т.е. на оној што му се нуди спознавање (што се дава, што се дарува), потребно е да се остават предрасудите, идеологиите и идолопоклонствата, да се дозволи согледување и да се следи автентичноста на појавата и овистинувањето. Овој филозоф ја стави филозофијата во погон токму во смислата на она што го означува нејзиното име (filo-sofia = љубов-за-мудрост) и се осуди токму на тој начин да го гледа феноменот на љубовта. Према францускиот феноменолог, филозофијата се откажала од размислување за љубовта, што доведе до губење на вистинскиот поим (концепт) за љубовта и губење на способноста љубовта да се искаже (терминолошки).
Љубов? Се чини најпроституцски збор, стриктно зборувајќи со зборовите на проституцијата. Во крајност таа се „води“, како што можат да се водат војни или работа, и не се работи за ништо друго, туку само да се одреди со кој партнер, за која цена, за каква корист, со кој ритам и со која динамика се „води“. А кога љубовта траба да се искаже, разбере и слави, помеѓу редовите владее молк. Тишина заситена со бол која се цеди во политичкото, економското и лекарското брборење кои ја гушат љубовта, сакајќи да нè смират нас.
Во такво опкружување Марион сака да го врати достоинството на поимот љубов, посматрајќи го феноменот на љубовта со својата феноменолошка строгост. Така тој го следи еросот во неговите најелементарни манифестации и во неговиот развој. Отргнувајќи ја секоја предрасуда и идеологија, секој субјективизам и доминацијата сведена на објектот, Марион сака да покаже каква навистина е љубовта која се пробудува преку еросот и кој е единствениот пат на нејзиниот вистински автентичен развој. Делото на Марион е строго научно, водејќи сметка за законитостите на феноменолошката филозофија. Освен тоа тој е и иманентен, односно тргнува одоздола, не се движи по верските вистини или искуства, туку од општочовечките. Со таквите знаци, овој обид на Марион согледува со универзална релевантност, и се однесува за секого. Неговата релевантност во крајноста се втемелува на фактите дека се движи во рамките на филозофијата, царицата на знаењето, без чие втемелување ниедна наука не може да претендира на вистинска релевантност.
На ова треба да се додаде и фактот дека обидот на Марион не подразбира дека верското искуство воопшто ништо не значи и дека тој тоа искуство не го дозволува. Во спротивно, ако не го дозволува тој не би бил феноменолог, отворен кон вистината на феноменот – па така и за верската, и не би бил ниту вистински научник.
Еротска редукција
Најпрво, прашањето за љубовта е темелно. Тоа е толку важно што заслужува на него да се сведат сите важни прашања зошто „не значи многу фактичкото битие, туку можноста за љубов“. Така прашањето: „Дали сум љубен?“, со оргиналниот методолошки чекор кој Марион го нарекува „еротска редукција“ го зазема централното внимание. Со „ероткса редукција“ се нарекува сведувањето на целата стварност на најбитното прашање за љубовта. Тоа прашање не поднесува површни или делумни одговори. На него или се одговара веродостојно или никако не се одговара. Веродостојноста на одговорот бара доследност и по структурата и по чекорите за да се случи овистинување на личноста.
Да се љубам самиот? Патот на „еротската редукција“ прво се соочува со несигурноста во која егото влетува со прашањето: „Дали сум љубен?“ Во однос на ова прашање егото не може да остане имуно. Тоа може да се обиде да побегне пред тој предизвик „да се љуби самиот себе“. Меѓутоа брзо открива тргнувајќи сам од себе, и сам во себе пронаоѓа пред „љубовта кон себе“ – мразење. Тоа настанува како очај предизвикан од неправедната претензија дека може сам себе си да се љуби, додека „егото“ само по себе нема љубов. Одделување од другиот и залудните обиди за втемелување во самиот себе, доведува до мразење од немоќ, мразење кон себе и кон другите, мразење како хаос поради „грешка во чекорите“ која не сака да се признае.
Со ова Марион не ја отфрла можноста на љубов кон себе и прифаќањето на себе, туку ја отфрла можноста дека таа може да биде првиот чекор. Вистинската љубов кон себе може да дојде покасно, како плод на предходно направените важни чекори.
Тргнување. Оној кој признае во својот дух дека: „Јас се сакам само себе“ не води никаде, може да се одлучи за друг пристап, прашувајќи се: „Можам ли јас прв да љубам?“ За разлика од предходното затварање, ваквото прашање потикнува на излез, тргнување (“avance”), на продор преку секој отпор према љубовта. Активно да се љуби, покрај сè, и давајќи приоритет на сопствениот чин на љубовта, се надминува мразењето, и можеби несовршено, љубовниот чин опстојува. Некој тука веднаш ќе прокоментира: „Тоа се приказни за мали деца“. За сега ќе одговориме: „Било како оваа приказна да се нарече, таа е единствената која овозможува љубовта да опстане“. На ова ќе се навратиме покасно. (продолжува)
Извор: битно нет/Превод: И.П.