Духовни вежби: Исус пред Пилат и жената на Пилат

Духовни вежби: Исус пред Пилат и жената на Пилат

Отец Микелини, водачот на духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија во шестото размислување, одржано на 8 март 2017 година попладне зборуваше за Исус пред Пилат и жената на Пилат.

Заедно со водачот на духовните вежби, шестото размислување го пишуваа брачниот пар Маријатереса Затони и Гилберто Гилини со кои професорот веќе одамна соработува држејќи духовни вежби и формациски групи. А со нив напишал и разни книги за двојно читање на библиски текст. Отец Микелини вели дека читањето и толкувањето на Светото Писмо не е привилегија на посветените луѓе или стручњаци, и дека на брачните парови и на семејствата треба да им се помогне да го живеат Светото Писмо, што до сега – како што рече – Црквата уверливо не го правела – рече отец Микелини.

Водачот на духовните вежби зборуваше за изборот на Пилат помеѓу Исус и Варава и потсети на толкувањето на папата Бенедикт XVI во врска со различноста која Ориген ја забележал за името Варава, исто така и Исуса. Толкуваше дека тоа е важно за сфаќањето на сложениот систем во кој евангелистот Матеј ја гледа ефикасноста на Христовата крв за простувањето на гревовите. Овој теолошки систем кој го применил Матеј не треба да направи да ја изгубиме од видик човечката димензија речиси на очигледни факти, исклучителна сериозност: двајца мажи еден наспроти друг, само едниот ќе преживее, а не двата јарца (како оние кои Матеј можел да ги замисли, претставувајќи ја сцената од Јом Кипур да ја објасни смртта на Месијата) – објасни отец Микелини.

Проповедникот го спомна романот на Вилијам Стирон, „Изборот на Софија“ во кој се зборува за една млада мајка која германски офицер ја присилува да избира кое од своите деца ќе го испрати во смрт. Проповедникот заклучи дека христијаните за жал со векови го обвинувале еврејскиот народ за „богоубиство“. Најпосле таа бесмислена осуда на сите нивоа е негирана. Но, не смееме да заборавиме како што кажа дека според маката опишана во Евангелието според Матеј, таа осуда никогаш не смеела да се земе во предвид, па дури и од логички аспект, затоа што одговорноста за таа ужасна одлука, како во случајот Софија, која била принудена во смрт да ја испрати својата ќерка, ја сноси оној кој дозволил да бира, односно римскиот управител – истакна проповедникот.

Потоа отец Микелини го прочита придонесот на сопружниците Гилини-Затони. Тие пак велат дека во играта на машката моќ, во соучеството на врховниот свештеник и Пилат, навлегува слабиот глас на една жена, но преку гласник затоа што „додека мажите ја воделе својата игра, нејзе не ѝ било овозможено да се приближи.“ Жената на Пилат може да се правда пред тие мажи затоа што вели „многу пострадав“ (Мт 27, 19), заради тој „Праведник“, Исус – рече водачот на духовните вежби.

Завршувајќи го размислувањето отец Микелини зборуваше за пет соништа кои Матеј ги спомнува во Евангелието за детството и за сонот на жената на Пилат. Соништата треба да се гледаат како целина, затоа што го претставуваат она што би можеле да го наречеме „Божји сон:“ спасението на синот. Ако пак Јосиф и мудреците го сфатиле тоа што треба да прават и покрај слабости на она што го примиле, тој применува, Пилат, напротив не го слуша гласот на својата жена, не ги слуша соништата, единствено го интересира како и Ирод, зачувувањето на власта – заврши отец Микелини.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот