Ватиканскиот манастир „Mater Ecclesiae“ ќе биде дом за контемплативна монашка заедница

Ватиканскиот манастир „Mater Ecclesiae“ ќе биде дом за контемплативна монашка заедница

Ватиканскиот манастир „Mater Ecclesiae“ станува дом за контемплативна монашка заедница. Манастирот беше резиденција на почесниот папа Бенедикт XVI десет години по неговата оставка во 2013 година. Папата Фрањо побара сега да биде пренаменет за аргентински бенедиктинки

Манастирот „Mater Ecclesiae“ во срцето на Ватиканските градини, кој речиси десет години беше резиденција на почесниот папа Бенедикт XVI, ќе ја врати својата првобитна намена.

Папата Фрањо побара манастирот повторно да служи како дом за контемплативна монашка заедница за поддршка на Светиот Отец во неговата секојдневна грижа за целата Црква, преку молитва, поклонение, пофалба: молитвена присутност во тишина и осаменост.

Во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник, 13 ноември, се наведува дека папата Фрањо одлуката ја донел на 1 октомври годинава.

Папата ги повика монахињите од бенедиктинскиот ред на опатијата Света Сколастика од градот Викторија, провинцијата Буенос Аирес (бискупија Сан Исидро) во Аргентина, кои великодушно го прифатија повикот на Папата, се вели во соопштението за печат.

Резиденција на почесниот папа Бенедикт XVI.

Свети Иван Павле II, на 25 март 1994 година, канонски го основал манастирот на монахињи на контемплативен живот во Ватикан со името „Mater Ecclesiae“. Почесниот папа Бенедикт XVI изрази желба да остане таму по неговата историска оставка на 11 февруари 2013 година. Таму ги помина последните години од својот живот, со помош на соработници, придружувајќи ја Црквата со молитва до својата смрт на 31 декември 2022 година.

Дом на шест монахињи од почетокот на јануари

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во манастирот сега ќе престојуваат шест монахињи и ќе живеат во манастирот од почетокот на јануари 2024 година.

Папата Фрањо, исто така, одлучи државната управа на градот Ватикан да биде одговорна за сите прашања поврзани со манастирот „Mater Ecclesiae“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот