Папата: Во светот на срамните нееднаквости потребни се училишта кои обликуваат критичка совест

Папата: Во светот на срамните нееднаквости потребни се училишта кои обликуваат критичка совест

По повод 20 годишнината од основањето на Латиноамериканскиот сојуз на колегиуми на Дружбата Исусова (FLACSI), која опфаќа повеќе од 90 училишта во 19 земји во Латинска Америка, папата Фрањо упати видео порака во која ги поттикнува тие институции да бидат гостољубиви места и отворена врата за сиромашните. „Не“ на себичниот елитизам.

Места на кои треба да созрее критичкото гледиште според одредени модели на развој и потрошувачка кои ги создаваат срамните нееднаквости и кои предизвикуваат страдање на населението во целиот свет. Простори со отворени врати, посебно за сиромашните во кои треба да се исцелуваат сопствените и туѓите рани и да се научат да се читаат знаците на времето – со тие зборови папата Фрањо ги опиша училиштата во Латинска Амрика, но и оние во целиот свет во видео пораката упатена до Латиноамериканскиот сојуз на колегиуми на Дружбата Исусова (FLACSI) која слави 20 годишнина од основањето.

Станува збор за регионална воспитна мрежа која припаѓа на Конференцијата на исусовските провинции на Латинска Америка, а која опфаќа 92 институти во 19 земји. Основан во 2001 година, во 2017 собра повеќе од 135.000 ученици и повеќе од 11.000 наставници и воспитувачи кои ги придружуваат учениците. Во повеќето институти започнувајќи од заедничкиот идентитет, се промовираат договори за политиките, стратегиите и акциите во служба на воспитните и општетсвените преобразби на земјите во Средна и Јужна Америка.

Токму тоа е посланието чие продолжување го охрабри Папата. Мојата желба е вашите училишта да имаат совест и да ја обликуваат совеста – рече во видео пораката на шпански јазик Папата поттикна на излегување надвор, наследувајќи го примерот на Исус кој нѐ – како што рече учи како да се однесуваме кон другите и кон целото создание.

На тоа треба да се фокусирате; да се сретнувате со малите, сиромашните, отфрлените. Нека нашите училишта ги обликуваат срцата уверени во посланието за кое се основани, со сигурноста дека животот се развива и созрева во мерка во која го даваме животот за другите – поттикна Папата и додаде: Животот кој се чува на крајот станува предмет за музеј со мирис на нафталин, а тоа не помага.

Желбата на Папата е да види гостољубиви училишта, места на кои можат да се лекуваат младите и туѓите рани; училишта на кои вратите навистина им се отворени, а не само на зборови; места на кои сиромашните можат да влезат и на кои може да им се оди во пресрет. Па, училиштата кои не се повлекуваат во себичен елитизам, туку кои учат да живеат со сите каде се живее братството, знаејќи дека сѐ е поврзано и потсетувајќи дека братството не изразува на прво место морална должност, туку објективен иденитет на човечкиот род и на целото создание.

Папата Фрањо исто така се надева дека училиштата на спомнатиот сојуз учат да ги разликуваат толкуваат знаците на времето, да го видат сопствениот живот како дар на кој треба да се биде благодарен и кој треба да се дели со другите и истовремено да имаат критичко гледиште за моделот на развој, производство и потрошувачка кои нагло водат кон срамна нееднаквост заради кои трпи голем дел од светското население.

Накратко училиштата на учениците и мисионерите – истакна Папата и потсети на пораката на историската конференција на латиноамериканските епископи во Апарецида во 2007 година. Продолжете заедно да работите уште дваесет годни, уште дваесет и уште дваесет години придружени на Глобалниот воспитен пакт и промовирајте ја верата и праведноста – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот