Пред 50 години папата Павле VI ја посети Светата Земја

Пред 50 години папата Павле VI беше ходочасник во Светата Земја. За прв пат еден Петров наследник да дојде во Исусовата земја. Тоа тридневно патување, кое папата Монтини го доживеа многу интензивно исто така било и прво меѓународно патување на Папа во современиот период.

За тоа историско патување во разговор за Радио Ватикан се присетува монсињор Вилијам Шомали помошен епископ на Латинскиот патријархат во Ерусалим кој тогаш бил млад семинарист. Добро се сеќавам, беше многу ладно утро кога Павле VI дојде во Витлеем за да слави света Литургија во пештерата на Раѓањето. Бев семинарист, имав 14 години… најмалку час и пол чекавме да дојде на плоштадот Раѓање. Сакавме да го видиме Петровиот наследник, кој доаѓа прв пат… после свети Петар. Ниеден Папа до тогаш не дошол! Затоа тоа за нас беше посебен настан – рече епископот и додава дека некои тогашни говори и некои проповеди на Павле VI станале темелни текстови посебно проповедта за семејството која ја изговори во Назарет, а која и денес сѐ уште е многу актуелна.

Напоменувајќи потоа дека намерата на Павле VI била ходочастие, патувањето во Светата Земја, но за сите луѓе тоа било почеток кој отвори пат за други патувања. Епископот Шомали истакна дека освен тоа, тоа патување имало големо екуменско значање, и тоа поради средбата и прегратката со патријархот Атенагора како и поради фактот што заедно ја измолиле Оче наш на Маслиновата гора. Атенагора беше многу воодушевен… Мислам дека од екуменска гледна тој настан беше посебен – рече епископот Шомали.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот