Папата Фрањо ги посети учесниците на летниот камп во Ватикан

Папата Фрањо ги посети учесниците на летниот камп во Ватикан

Околу 250 деца на возраст од 5 до 13 години учествуваат во летниот камп за деца на вработените во Ватикан што се одржува во салата Павле VI. Светиот Отец се сретна со учесниците на кампот, разговараше со нив и на подарок доби сувенир.

Во вторник наутро, 18 јули 2023 година, папата Фрањо се сретна со учесниците на летниот камп што се одржува во салата Павле VI за децата на вработените во Ватикан, предводени од аниматори и искусни учители. Организаторите го позајмија методот на работа од ораториумот, кој се базира не само на игра, туку и на формација.

Кампот го предводи отец Франко Фонтана, директор на Салезијанската заедница во Ватикан и капелан на Ватиканските музеи.

Околу 250 деца и млади на возраст од 5 до 13 години го поздравија Светиот Отец со песни, ора, спонтани аплаузи и насмевки.

По молитвата „Ангел Господов“ во недела 16 јули, Римскиот бискуп упати честитка до сите парохии „кои во овој период спроведуваат летни кампови за деца и млади, па така и во Ватикан“, и нагласи дека оваа активност е „многу ценета“.

Папата разговараше со децата и младите, поделени во три групи и три бои, според возрасни групи: од 5 до 7, од 8 до 10 и од 11 до 13 години. Двајцата најмлади му подарија медалјон со слика, на кој пишува „You help us to bee heroes“, што е игра со зборови на англиски јазик, каде што глаголот „be“ – да се биде, беше заменет со „пчела“ – пчела. Оваа изрека е преземена од овогодинешната тема на кампот во Ватикан. Децата го напишаа самиот збор „херој“ на медалјон од картон, кој му го предадоа на Папата, а тој веднаш го стави на вратот.

Коментирајќи го летниот камп, Салезијанецот отец Франко Фонтана истакна дека „следејќи ја овогодинешната тема, вдахновена од енцикликата Fratelli tutti, сакаме да изградиме вистински братски односи и да ги охрабриме децата да размислуваат за тоа како можеме да ги промениме ставовите и менталитетот што ги одредуваат нашите секојдневни постапки“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот