Во Мексико ќе се гради најголемата статуа на Исус Христос во светот

Во Мексико ќе се гради најголемата статуа на Исус Христос во светот

Целта на градбата е да се остави наследство на мирот во држава оптеретена со висока стапка на убиства.

На почетокот на оваа година во Мексико ќе започне изградбата на најголемата статуа на Исус Христос во светот.

Склуптурата се нарекува Cristo de la Paz (Христос на мирот) и ќе биде висока 77 метри, што значи дека двојно повисока од моментално највисоката статуа на Христос во светот, која се наоѓа во Боливија и е со висина 40 метри.

Проектот за изградба го замисли и го организира мексиканскиот актер Едуардо Верастеги Кордоба. Според неговите зборови, целта на проектот е да се остави наследство на мирот во сојузната држава Тамаулипас во која е роден.

Тамаулипас моментално е една од мексиканските сојузни држави со највисока стапка на убиства, па статуата на Христос кој ги држи рацете отворени нудејќи прегратка треба да биде знак на мирот и утеха за нејзиното население.

Населението од оваа сојузна држава во Мексико е вклучено во плановите за градење и се надеваат дека по завршувањето ќе стане дестинација за ходочастие и за туристи кои ќе имаат на располагање црква, ресторани, сместување за посетителите, жичара и голем број други содржини.

Креаторот на проектот Едуардо Верастеги меѓу останатото е многу активен борец против абортусот и основач на здружението „Покоров на Пресвета Богородица Гвадалупска“ кое ја подига свеста за штетноста од абортусот и нуди помош на жените кои го направиле, а за проблемот со високата стапка на абортус меѓу латиноамериканското население разговарал и со Барак Обама.

Во врска со градењето на статуата на Христос на мирот, Верастеги изјави дека планира да го посети Рим за проектот да го претстави на папата Фрањо и да го добие неговиот благослов.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот