Папата упати сочувство за жртвите од атентатот во Манчестер

Папата упати сочувство за жртвите од атентатот во Манчестер

„Длабоко сум нажален за повредените и за трагичната загуба на човечките живот предизвикани од варварскиот атентат во Манчестер”, стои во телеграмата со сочувство од папата Фрањо за жртвите од терористичкиот напад, извршен на 22 мај вечерта во концертната сала на Манчестер.

Во текстот на телеграмата Папата ја изразува својата „длабока солидарност кон сите засегнати од овој бесмислен чин на насилство”. Покрај тоа, Светиот Отец ги пофали „великодушните напори на вработените од итна помош и обезбедувањето” и ја гарантира својата молитва за „повредените и сите мртви, особено за децата и младите, кои ги загубија своите животи и за нивните ожалостени семејства”.

Во самоубиствен напад на концертот на американската ѕвезда Аријана Гранде во Арената Манчестер во понеделник вечерта загинаа најмалку 23 лица и околу 60 лица се повредени. Меѓу жртвите најмногу се млади лица и деца.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот