Детали од програмата на Папата за СДМ во Краков

Света Литургија во Богородичното светилиште во Јасна Гора, посета на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Биркенау и премин низ светата врата во светилиштето на Божјото милосрдие во Краков ќе бидат главните настани на следното апостолско патување на Папата во Полска од 27 до 31 јули.

Средбата на младите од целиот свет ќе се одвива во три дела: пречек на папата Фрањо, молитвено бдение и света Литургија. За деталите на програмата зборуваше патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Главната, но не и единствената причина за апостолското патување е Светскиот ден на младите. Втората е пак посетата на Полска, Папата за прв пат ќе ја види Полска – истакна патер Ломбарди. Патувањето е во Краков, во Полска, но ќе има околности и настани кои не се тесно поврзани со Светскиот ден на младите, туку со Полска и со нејзините места кои што освен Краков, Папата исто така ќе ги посети во прв ред Честохова и Аушвиц – рече патер Ломбарди.

Инаку ова е петнаесетто апостолско патување на Папата, а 23 држава која што ќе ја посети. Но, не е прв пат во Полска да се одржува Светскиот ден на млади, Во 1991 година се одржа во Честохова. Овогодинешниот пак се одвива во рамките на Јубилејот и затоа е со мотото „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!“ Освен Краков Папата ќе посети многу важни места за објавата на Божјото милосрдие. Сите говори ќе бидат на италијански јазик, само еден на шпански – информира патер Ломбарди.

Презентирајќи ја програмата за патувањето на Папата, патер Ломбарди зборуваше за односот на Папата со свети Иван Павле II и наведе места кои Папата ќе ги посети како катедралата во Краков и светилиштето Честохова, кои се богати со историја и полски симболи како што е познатата слика на Црната Богородица. На третиот ден од престојот во Полска, Папата ќе го посети нацистичкиот концентрационен логор во Полска Аушвиц-Биркенау одалечен триесет километри од Краков.

Потсетуваме дека веќе двајца Папи ги посетиле тие места. Свети Иван Павле II во 1979 година во текот на првото патување во Полска служеше света Литургија во Аушвиц и во проповедта зборуваше за таа трагедија. Папата Бенедикт XVI на 28 мај 2006 година го посети концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау и го изговори познатиот говор, но не во литургиски контекст. Папата Фрањо како што рече и ни објасни нема да изговари ни збор: во тишината се покажува неговата болка, сочувство и плач – рече патер Ломбарди.

По Аушвиц Папата ќе го посети манастирот во Краков во која живеела света Фаустина Ковалска, апостолот на побожноста на Божјото милосрдие, а потоа и светилиштето Свети Иван Павле II каде што вечерта во блискиот „Кампус на милосрдието“ ќе учествува на бдението со младите, а светата Литургија во неделата претпладне ќе биде врвот на Светскиот ден на млади – објасни патер Ломбарди.

Во поглед на сигурноста патер Ломбарди истакна дека нема посебни проблеми, не е познато дека се откажал, во Полска за доаѓањето на Папата атмосферата е сосема нормална и мирна. На Светскиот ден на младите ќе учествуваат околу 800 епископи, а се очекува повеќе од 1,5 милион млади, за што подетално ќе зборува монс. Павел Рајтел Андријаник.

Знаеме дека обично доаѓаа повеќе луѓе од регистираните. Организацискиот одбор очекува дека со Папата ќе се сретнат 1,5 до 1,8 милион млади. Најмногу млади доаѓаат од Полска, потоа Италија, Франција, Шпанија, САД, Германија, Бразил, Украина и Португалија – рече монс. Павел.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот