Папата се молеше за семејствата во тешкотии и за преобраќање на лихварите

Папата се молеше за семејствата во тешкотии и за преобраќање на лихварите

На светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 23 април 2020 година, папата Фрањо посебно ги спомна семејствата во тешкотии, во оваа време на пандемија од коронавирусот, кои се во уште поголеми неволји заради оние кои ја искористуваат оваа ситуација и нивните потреби.

На сите страни се чувствува една од последиците на пандемијата; бројни се семејствата во потреба, гладни се, но за жал им „помагаат“ групи лихвари. Тоа е уште една пандемија; социјална пандемија: семејства, кои работат од ден на ден или за жал работат на црно, што не смеат и немаат за храна… и тоа со деца. Тогаш лихварите им го земаат она малку што го имаат – рече Папата на почетокот на светата Литургија и поттикна, да се молиме за тие семејства, за големиот број деца во тие семејства. Да се молиме и за лихварите, Господ да го допре нивното срце и да се преобратат.

Во проповедта Папата се осврна на првото читање од денешната Литургија земено од Делата на Светите Апостоли (Дела 5,27-32). Во него се зборува за Петар кој пред укорувањето и заканите на првосвештеникот кој сака да му забрани да го почува народот во Исусовото име, одговара дека „повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“, и отворено пред сите го соопштува воскресението на Исус, Спасител Кој верските поглавари го убија приковувајќи го на дрво.

Петар храбро, отворено ги обвинува за тоа. Некој може да се праша: Дали е тој оној Петар кој се откажа од Исуса? Оној Петар кој толку се плашеше, кој беше кукавица? На крајот дури кажува: „За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, што Му се покоруваат.“ Кој бил патот на Петар по кој дошол до тоа, до таа храброст, до таа отвореност, за да се изложи на тоа? – праша Папата и додаде: Можел да се согласи на компромиси и да ги смири свештениците, да им каже дека потивко ќе зборува, никогаш јавно нема да ги  обвинува и да си замине, само нека ги остават на мир.

Црквата во истоијата многу пати морала тоа да го направи за да го спаси Божјиот народ. Многу пати го направила тоа и за да се спаси себе – но не светата Црква, туку управителите. Компромисите можат да бидат добри и лоши. Меѓутоа Петар храбро  рекол: „Нема компромиси. Вие сте винови.“

Во што е тајната, од каде таа сила која ја имал Петар и како дошло до тоа? – праша Папата и обајсни: Пред страданието Исус им рекол на апостолите: „Сатаната посака да ве сее како пченица.“ Тоа е момент на искушение: „Ќе бидете како пченица.“ На Петар пак му кажува: „…Јас се молев за тебе, за да не намали твојата вера.“ Тоа е тајната на Петар – Исусовата молитва. Исус се моли за Петар, да не се намали неговата вера и – како како што кажува Исус – укрепи ги своите браќа во верата.

Тоа што Исус го направил со Петар, тоа го прави со сите нас – рече Папата. Исус се моли за нас; се моли пред Отецот покажувајќи ги своите рани, цената на нашето спасение. Навикнати сме да го молиме Исуса за некоја милост, да ни помогне; но не сме навикнале да контемплираме за Исус кој на Отецот Му ги покажува раните, Исуса застапник, Исус Кој се моли за нас. Петар бил способен да го помине целиот тој пат од плашливец до смел човек, со дарот на Светиот Дух, благодарение на Исусовата молитва – напомена папата Фрањо и на крајот истакн: Исус е застапник; треба да имаме повеќе доверба во Исусовата молитва, повеќе отколку во своите сопствени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот