Папата: Озборувањето убива

Папата: Озборувањето убива

Во секој свој дел човекот ја потврдува или порекнува таа вистина.

Не сведочи лажно против ближниот свој! – е осмата Божја заповед за која ќе размислуваме во денешната катехезата – рече папата Фрањо на плоштадот Свети Петар на 14 ноември 2018 година на почетокот од Генералната аудиенција. Таа заповед вели Катехизмот на Католичката црква забранува искривување на вистината во однос на другите (ККЦ 2464). Лошо е да се живее во неавтентични комуникации затоа што тоа ги попречува човечките односи, а со само тоа и љубовта. Таму каде е лагата нема и не може да биде љубовта.

Кога зборуваме за комуникација меѓу луѓето не мислиме само на зборовите, туку и на гестовите, на однесувањето, на молчењето и отсуството – рече Папата и истакна: Човекот зборува со сето она што е и што прави. Сите сме секогаш во комуникација. Сите ние живееме комуницирајќи и постојано сме на вагата помеѓу вистината и лагата. Што значи да се каже вистината? Значи ли тоа да се биде искрен или точен? Всушност тоа не е доволно затоа што може искрено да се греши и може да се биде точен во деталите, но да не се сфати смислата на целината.

Понекогаш се оправдуваме говорејќи: „Го реков тоа што го чувствував!“ – рече Светиот Отец и предупреди: Да но сте го апсолутизирале своето мислење. Или: „Едноставно ја кажав само вистината!“ Може да биде, но дали сте откриле некои лични или доверливи факти? Колку озборувањето го уништува заедништвото заради несоодветност и недостаток на дискреција. Озборувањето убива, вели апостол Јаков во своето послание. Брборењето ги убиваат другите затоа што јазикот убива како нож.

Бидете внимателни! – рече папата Фрањо и продолжи: Брборковците се терористи затоа што со својот лош говор фрлат бомба и мирно одат, но таа бомба уништува нечиј углед. Не заборавајте, озборувањето убива! Па, што е вистината? Тоа прашање го поставил Пилат токму кога Исус пред него ја остварувал осмата заповед (Ив 18, 38). (…)

Исус рекол на Пилат: „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“ (Ив 18, 37) – цитираше Папата и истакна: Тоа сведоштво Исус го дава со својата мака и смртта. Евангелистот Марко раскажува како стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ (Мк 15, 39. Да, затоа што бил доследен. Со тој свој начин на умирање Исус Го објавува Отецот, Неговата милосрдна и верна љубов.

Вистината потполно се остварува во самата личност на Исус (Ив 14, 6), во Неговиот начин на живеење и умирање кој е плод на Неговиот однос со Отецот – рече Светиот Отец и додаде: Тој живот на деца Божји, Он воскреснатиот ни го дарува и на нас испраќајќи ни го Светиот Дух Кој е Дух на вистината и Кој во нашите срца сведочи дека Бог е наш Отец (Рим 8, 16). Во секој свој дел човекот потврдува или ја порекнува таа вистина. Од малите секојдневни ситуации до одлуките кои бараат многу. Но, тоа секогаш е истата логика, таа на која нè училе нашите родители и дедовците и бабите кога ни зборувале да не кажуваме лага.

Да се запрашаме: која вистина ја сведочат нашите христијански дела, зборови и одлуки? – поттикна папата Фрањо и продолжи: Дали сме сведоци на вистината или повеќе или помалку сме лажговци преоблечени во чесни. Христијаните не се исклучителни мажи и жени, туку деца на Отецот небесен кој е добар и не разочарува, туку става во нивните срца љубов кон браќата. Таа вистина не се истакнува толку со зборовите, туку со начинот на живот, а се гледа во секој поединечен дел. Човекот е чесен ако зборува и делува во согласност со вистината.

Вистината е чудесна објава на Бог како Отец и на Неговата безгранична љубов. Таа вистина одговара на човечкиот разум, но и го надминува бесконечно, затоа што е дар кој слегнал на земјата и се овоплотил во Христос распнат и воскреснат; ја гледа тој на кој му припаѓа и покажува исто однесување. „Не сведочи лажно“, значи да се живее како деца Божја, дозволувајќи во секој дел да се виде дека Бог е Отец и дека можеме да имаме доверба во Него – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот