Папата Фрањо се сретна со свештениците од парохиите во римските периферии

Папата Фрањо се сретна со свештениците од парохиите во римските периферии

Попладнето на 28 септември, Папата ја посети парохијата „Пресвета Богородица“, која се наоѓа во периферниот кварт на главниот град на Италија, на средба со парохиските свештеници од 34. префектура. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, прецизирајќи дека Папата разговарал со нив за некои пасторални предизвици во врска со проблемите на овој дел од градот Рим

Попладнето на 28 септември, папата Фрањо ја посети римската парохија „Пресвета Богородица“ лоцирана во една од периферните области на Рим. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни: „Попладнево, нешто по 16 часот – рече тој – папата Фрањо отиде во парохијата Пресвета Богородица во областа Примавале, каде што беше пречекан од страна на викарот за Римската бискупија, монсињор Балдо Рејна, од парохискиот свештеник и парохискиот викар, каде што разговараше со приближно 35 свештеници од територијата на префектурата. Кратко по 18:00 часот Сетиот Отец се врати во Ватикан“.

Во соопштението за медиумите, Викаријатот на Рим прецизираше дека свештениците собрани во парохијата припаѓаат на 34. префектура и биле придружувани од префектите од западниот сектор на бискупијата. „Тоа беше братска дискусија во име на дијалогот“, изјави монсињор Рејна на крајот од средбата. Бискупот прецизираше дека „дискутираните теми се однесуваат на пасторалните предизвици поврзани со проблемите на територијата на овој дел од градот. Во овој дел од Рим се евидентни проблеми со младите и социјалната исклученост, но и дом на многу луѓе со добра волја“.

Во текстот на викаријатот се вели дека „папата Фрањо го направил изборот да ја посети оваа префектура затоа што неодамна се случија два сериозни вести: во последните месеци во оваа област беа убиени две жени, Микеле Марија Каузо и Росела Напини“. Мишел Марија Каузо, 17-годишна девојка беше избодена до смрт минатиот јуни од една нејзина врсничка, додека Росела Напини, 52-годишна медицинска сестра, беше избодена со нож во септември од нејзиниот поранешен партнер во влезот на станбена зграда во квартот Примавале.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот