Двајца свештеници и еден активист ќе бидат казнети бидејќи хранеле бездомници
Двајца пароси од Флорида и еден деведесет годишен активист добиле прекршочни пријави бидејќи на улица во Форт Лаудердејл делеле храна на оние во потреба.
Полицијата на Флорида поднела прекршочни пријави против двајцата пароси Двејн Блек и Марк Симс како и против активистот Арнолд Абот, бидејќи ја прекршиле одредбата на Форт Лаудердејл за дистрибуција на храна на јавно место. Спопред таа одредба, секој таков проект мора да има и подвижни тоалети и треба да биде најмалку 500 метри оддалечен од куќите.
Здружението на Абот дели храна на оние во потреба уште од 1991 година и тврди дека изнајмувањето на подвижен тоалет е преголем трошок, но исто така смета дека санитарниот јазол би требало да го обезбедат градските власти.
Полицијата ги приведе, а зачудените минувачи само викале „срам да ви е“ и „светот ве гледа“.
Сите ќе мораат да излезат пред судија, а им се заканува казна од 60 дена затвор и 500 долари. Но, Абот вели дека веќе оваа недела повторно ќе излезе на улица и ќе дели храна на сиромашните.
„Знам дека повторно ќе ме уапсат и сум подготвен на тоа. Но, јас сум чувар на својот брат, а тоа што тие го прават е бездушно“, порача Абот.
„Ние само сакаме да ги нахраниме луѓето кои се гладни. Да се криминализира тоа спротивно е на сè она за што се залагам како свештеник и верник“, рече парохот Симс.
Но, градските власти сметаат дека таквите акции не им помагаат на бездомниците, туку само го зголемуваат нивниот број.
Парохот Блек рече дека во градот има околу 10.000 бездомници. „Да се нахранат е најмалку што може да се направи, а градските власти всушност би требало да се позанимаваат со причините за таквата состојба“, порача тој.
Лаудато/С.С.