Еден од двајцата киднапирани свештеници во Нигерија е убиен

Еден од двајцата киднапирани свештеници во Нигерија е убиен

Извори од бискупијата Кафанчан потврдија за Vatican News дека киднаперите го убиле отец Џон Марк Чеитнум, додека отец Донатус Клеопас успеал да побегне. Имено, двајцата свештеници биле киднапирани на 15 јули, откако пристигнале во црквата Христос Цар, во областа на локалната самоуправа Лере, во државата Кадуна.

Отец Џон Марк Чеитнум, кој беше киднапиран минатиот петок во државата Кадуна, Нигерија, е убиен – потврдија за Vatican News извори од бискупијата Кафанчан. Отец Џон Марк бил киднапиран заедно со отец Донат Клеопа кој успеал да побегне. Свештеникот бил убиен истиот ден кога бил киднапиран, на 15 јули, но неговото тело било пронајдено на 19 јули. Тие двајца католички свештеници беа киднапирани во ректоратот на парохијата Христос Цар во Јадин Гару. Веста за киднапирањето во посебно соопштение ја соопшти бискупијата Кафанчан, која во исто време повика на молитва за брзо и безбедно ослободување на двајцата свештеници и го повика целото население да се воздржи од самоволно спроведување на правдата.

Тага во бискипијата Кафанчан

Во новото соопштение, канцеларот на бискупијата Кафанчан, отец Емануел Учечукву Около, ја соопшти веста за смртта на отец Чеитнум, изразувајќи длабока тага на целата бискупија и најави дека погребот ќе се изврши во четврток во 10.00 часот во катедралата Свети Петар во Кафанчан. Отец Чеитнум имаше повеќе служби. Тој, меѓу другото, беше претседател на Христијанското здружение на Нигерија (CAN), шеф на Канцеларијата за комуникација во бискупијата и парох во Свети Јаков во градот Фори. Бискупијата Кафанчан, која прогласи дводневна жалост, ги повикува верниците да се помолат за убиениот свештеник и неговото семејство, да им даде Господ утеха и повторно ги повикува да се воздржат од самоволно спроведување на правдата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот