Колумбија: „Недела за мирот“ – Брани го животот и донеси надеж

Колумбија: „Недела за мирот“ – Брани го животот и донеси надеж

На 2 септември во Колумбија започна „Неделата за мирот“ во организација на Католичката Црква во таа земја заедно со повеќе од 100 различни здруженија кои промовираат мир. Насловната тема на неделата гласи „Додека има живот, има надеж. Да продолжиме да боиме мир.“

„Неделата за мир“ во Колумбија се одбележува од 1987 година, а е составена од разни состаноци, духовни средби, уметнички, спортски и културни манифестации чија заедничка цел им е зајакнување на општата свест за итната потреба за создавање на атмосфера која ќе води до помирување во таа земја.

„Неделата за мир“ ја организира Колумбиската епископска конференција, колумбискиот Каритас, Папскиот универзитет „Хаверијана“ во Богота и повеќе од 100 различни движења, граѓански и верски здруженија кои промовираат мир, општествена нееднаквст и помирување. „Неделата за мир“ ќе се одржи од 2 до 9 септември под мотото Hay vida, hay esperanza. Sigamos coloreando la paz (Додека има живот, има надеж. Да продолжиме да боиме мир). Тоа е повик за препознавање на бранителите на животот кои секојдневието го „насликуваат со боите на мирот.“

Како што пренесува агенцијата „Фидес“ организаторите сакаат да предупредат дека правото на живот често го оспоруваат оние кои се хранат со омраза и очај. За жал не престанува стигматизацијата, прогонот, криминализацијата и убиствата на градителите на мирот и бранителите на животот. Организаторите исто така инсистираат да се почитува договорот постигат со Револционерните вооружени сили на Колумбија (FARC) и да се продолжат преговорите помеѓу владата и војската на националното ослободување (ELN), уверени дека дијалогот е патот кон помирувањето.

Повеќе од 500 средби и активности

Предвидено е исто така повеќе од 500 средби и активности на национално и на локално ниво, како што е на пример сликање на ѕидовите на перифериите на главниот град Богота, дискусии за минатогодишната посета на папата Фрањо на Колумбија и манифестацијата „Coloreatón por la vida: yo te cuido“ (Маратон боја за животот: јас те чувам“) која ќе се одржи на плоштадите на гланиот град.

На крајот во неделата на 9 септември на Нациналниот ден на човековите права и празникот на свети Петар Клавер свештеник исусовец кој животот го посветил на грижата за робовите, на пладне ќе се огласат сите ѕвона на сите цркви, капели и манастири во Колумбија. На тој начин сака да се поттикнат сите да останат будни и да продолжат да се борат за правдата, вистината, милосрдието и мирот во земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот