Почина свештеникот кој беше заразен со вирусот на ебола додека ги лекуваше болните во Либерија

Шпанскиот свештеник – лекар Мигуел Пахарес, заразен со вирусот на ебола додека беше на мисија во африканската земја Либерија и лекуваше болни, почина во болница во Мадрид, објавија шпанските власти.Пахарес имаше 75 години, а во Шпанија е префрлен од Либерија на 7 август откако кај него беа откриени симптоми на болеста која моментално пустоши по земјите на Западна Африка. Тој е првата европска жртва на таа епидемија. Пајарес е заразен во болницата која ја води Католичката Црква и каде на болните им се пружи медицинска помош. Со него во Шпанија е префрлена и една чесна сестра кај која сѐ уште дефинитивно не се утврдени симптоми, меѓутоа е во карантин.

Свештеникот не е првата жртва меѓу медицинскиот персонал на болницата Свети Јосиф во главниот град на Либерија Монровија која им пружи помош на заразените. Пред него, во таа болница од ебола умреа свештеникот од Гана Џорџ Комбеј, чесната сестра од Конго Шантал Паскалине и директорот на болницата, Камерунецот Патрик Ншамѕе. Болницата во Монровија е основана од католичката монашка заедница на „Милосрдните браќа на светиот Иван од Бог“, посветен на основање на медицински заводи.

Овие жални вести на трагичен начин го потврдуваат она за што веќе се знае – Католичката Црква е на првата линија на фронтот во борбата против најголемата епидемија на ебола во историјата. Дури околу 60 отсто од заразените умреа.

Како што известија медиумите, САД во Либерија го испратија експерименталниот лек против еболата ЗМапп кој досега не е тестиран на луѓе. Истиот тој лек го доби и Пајарес, меѓутоа за жал не му помогна.

РВ/С.С.

Категорија: Свет

За авторот