НАЈАВА: Патронен празник на црквата Свети Иван Крстител – Струмица

На 7 јули 2016 година на празникот Раѓање на Свети Иван Крстител, парохиската црква Свети Иван Крстител -Струмица ќе го прослави својот заштитник.

Прославата ќе започне во предвечерието на празникот, среда 6 јули 2016 година со Вечерна богослужба во 18.00 часот, а веднаш потоа ќе се моли последниот ден од Деветницата за Свети Иван Крстител – духовна подготовка за празникот.

На 7 јули 2016 година во 9,00 по повод празникот „Раѓање на Свети Иван Крстител ќе се служи света Литургија, а на истиот ден на светата Литургија во 18.00 часот, ќе проповеда о. Димитар Ташев, парох во „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија.

Во склоп на духовната подготовка за празникот пред и после секоја Богослужба во црквата има можност за света Исповед

Среда, 06 јули 2016

18.00 – Вечерна и Деветница до Свети Иван Крстител

 

Четврток, 07 јули 2016 – Раѓање на Свети Иван Крстител

09.00 – Света Литургија

 18.00 – Света Литургија – проповеда о. Димитар Ташев

Категорија: Свет

За авторот