Дали Меркел му се јави на Папата?

Ватикан не го коментира извештајот во весникот „Кориере дела сера”, во кој се тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел пред некое време „налутено“ му се јавила на Папата. Според весникот таа била „малку вознемирени” затоа што папата Фрањо во Стразбург Европа ја нарекол „неплодна жена”. Имено Папата ова го кажал на посетителите во домот Света Марта во Ватикан.

Приватните искази на Папата со посетителите обично Ватикан ниту ги демантира, ниту пак ги потврдува. Папата, кој се гледа себе си, главно како пастир, ја има својата слодобода на изразување, при што секој негов збор не се става на вага за злато

Папата Фрањо го посети Европскиот парламент во Стразбург. На 6 мај во Ватикан ќе му биде предадена ахенската награда Карло Велики.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот