Исусовецот Марк Ендрју Луис е новиот ректор на Папскиот универзитет Грегоријана

Исусовецот Марк Ендрју Луис е новиот ректор на Папскиот универзитет Грегоријана

Папата Фрањо именува нов ректор на Грегоријанскиот универзитет, Исусовецот отец Марк Ендрју Луис. Именувањето стапува на сила на 1 септември.

Во текот на годините по неговата сопствена формација отец Луис имаше неколку должности, во областите на истражувањето, наставата и управувањето. На овие важни позиции, отец Марк Е. Луис има стекнато богато академско и управувачко искуство, кое во изминатите години великодушно ги стави во служба на Папскиот универзитет Грегоријана – со тие зборови сегашниот ректор отец Нуно да Силва Гончалвес го претстави на универзитетската заедница неговиот наследник, Исусовецот и собрат Марк Ендрју Луис.

Промотор на квалитетот

На должноста проректор на Универзитетот, должност која ја презеде пред три години, отец Луис се ангажираше во педагошкото формирање на наставниот кадар и промоција на квалитетот, кои сега станаа трајна димензија на универзитетскиот живот – додаде актуелниот ректор и на сите им заблагодари за посветеноста и духот за послание, за што – како што рече – бил одблизу сведок во последните шест години, што го прават Папскиот универзитет Грегоријана посебна институција во служба на целата Црква.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот