Видео порака на Папата за молитвената накана за септември

Папата Фрањо ја упати својата молитвена накана за месец септември 2016

Човештвото поминува низ криза која не е само економска и финансиска… таа исто така е и еколошка, образовна, морална и човечка – се зборовите на Светиот Отец кој во 2013 година ги изговори на Папскиот теолошки факултет Сардинија во Калгари, а кои во понеделникот на 5 септември ги повтори во својата видео порака за наканите на Апостолатот за молитви за месец септември.

Кога се зборува за криза – продолжува Светиот Отец – се зборува за опасностите, но и за можностите. Но, за каква пригода станува збор? – запраша папата Фрањо и продолжи – на можноста за солидарност… Дојди, помогни ми… Сите да придонесат за општото добро и градењето на општеството кое во својот центар ја става човечката личност – стои на крајот од видео пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот