Седница на Кардиналскиот совет за Синодaлниот од и пандемијата

Седница на Кардиналскиот совет за Синодaлниот од и пандемијата

Кардиналскиот совет одржа тридневна седница во Ватикан од 13 до 15 декември, на која се анализираше напредокот на Синодалниот од, како и актуелната здравствена криза предизвикана од пандемијата. Папата Фрањо учествуваше во еден дел од сесијата, давајќи свои ставови за актуелни теми.

Советот се состана од 13 до 15 декември во Домот Света Марта, објави прес-службата на Светиот Престол. Меѓу присутните беа кардиналите Пјетро Паролин, Џузепе Бертело, Оскар Родрикез Марадијага, Рајнхард Маркс, Шон О’Мали, Освалд Грацијас и Фридо Амбонго Бесунгу. Присутен беше и секретарот на Советот, бискупот Марко Мелино

Секој кардинал ја презентираше актуелната политичка и здравствена состојба, како и состојбата со пандемијата во неговиот матичен регион, стои во соопштението.

Кардиналот Греч ја презентираше работата на Синодата, давајќи осврт на досегашниот напредок и го истакна ентузијазмот на Бискупските конференции и верниците. Папата Фрањо присуствуваше на седницата во вторник и среда попладне и даде свој осврт на презентираните теми.

Следниот состанок на Кардиналскиот совет е закажан за февруари 2022 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот