Во Украина пристигна и вториот Папски пратеник

Во Украина пристигна и вториот Папски пратеник

Привремениот префект на Дикастерија за промоција на целосен човечки развој, кардинал Мајкл Черни пристигна во западна Украина на 9 март преку Унгарија

Привремениот префект Дикастерија за промовирање на целосен човечки развој кардинал Мајкл Черни пристигна во среда, 9 март 2022 година преку Унгарија во западна Украина.

Во Будимпешта, кардиналот Черни, задолжен во Дикастеријата за мигранти и бегалци, се сретна еден ден претходно со волонтерите на Каритас и Малтешкиот ред кои се грижат за околу 2.500 украински бегалци дневно во железничката станицата Келети. Кардиналот попладнето ја посети црквата во Будимпешта Свети Канизиј во која Заедницата Свети Егидиј организира помош за бегалците.

Пред да го продолжи своето патување во Украина во средата, кардиналот Черни разговараше со вицепремиерот Золт Семен, барајќи од него да продолжи да ја одржува културата на добредојде на украинските бегалци и да ја прошири на останатите во потреба.

Во градот Берехов во Закарпатската област, кардиналот денеска разговара со раселените лица за кои се грижи Украинската Источно католичка заедница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот