Солидарност на папата Фрањо со украинскиот народ

Солидарност на папата Фрањо со украинскиот народ

Скоро 1 милион луѓе лично ја почувствуваа „длабоката љубов и солидарност“ на Светиот Отец преку проектот „Папата за Украина“ кој започна во јуни 2016 година.

Молитва и милосрдие: ова се двете раце кои папата Фрањо постојано ги промовираше од почетокот на својот Понтификат за „саканиот украински народ“, особено на оние што се погодени од 6-годишна војна на источната граница на земјата. Во многу наврати папата Фрањо го свртува вниманието на светот за случувањата во Украина. Последниот пат тоа го стори на крајот од молитвата Ангел Господов, минатата недела . Папата ја истакна својата желба и моли да се почитува договорениот прекин на огнот, за да може украинскиот народ да ужива во долгоочекуваниот мир.

Папата Фрањо го започна проектот „Папата за Украина“ во јуни 2016 година, кој беше доверен на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки  развој. Две години по започнувањето на проектот, беа собрани 16 милиони евра од сите епархии на Европа.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот