Верата се живее само кога се пренесува
Папата Фрањо ги поздрави и благослови младите мисионери кои овие денови го донесуваат Евангелието на плажите во италјанското туристичко место Риконе.
Тие му напишале – како што рече Светиот Отец – „прекрасно писмо“, изнесувајќи му ги своите искуства на радост и вера кои ги доживеале среќавајќи ги своите врсници, ден и ноќ, на плажите меѓу чадорите, во диско клубовите и на улиците. Во пораката која ја потпиша папскиот церомонијар монсињор Гилермо Карчер, Папата изразува благодарност до младите кои овие денови од август великодушно го посветиле своето време на тоа послание за евангелизација, насловено „Кој е жеден нека дојде кај Мене“ и ги довери на заштита на нежната Мајка Божја и Мајка на младите.
За таа иницијатива за Радио Ватикан зборуваше еден од нејзините промотори дон Франко Мастролонардо, парох во Риконе и рече дека со тоа послание се занимава од 2003 година и дека првата година имале 200 мисионери. По што втората година имало 150 мисионери, организаторите сфатиле дека за вистинска вредност потребно е нешто поумерено, нешто подобро. Секогаш нешто што е надвор од редовното, но со одредени правила и шеми.
Заради тоа – објасни дон Франко – примаме точно 80 мисионери, ги образуваме, со секого од нив имаме личен однос. Тоа послание не ја лишува личноста, бидејќи пред сè прави добро на самите мисионери; растат во верата и во човештвото, бидејќи верата се живее само кога се пренесува на другите. Така беше добро, всушност онака како што очекувавме, со сите мали-големи чудеса доживеани на средбите одржани овие денови – додаде дон Франко и истакна дека за еден парох е вистинско чудо, во денешно време секоја ноќ да ги гледаш младите како доаѓаат во црква, како коленичат пред Исус и се исповедуваат.
РВ/к.мк/Д.И.