Фудбалскиот клуб Реал Мадрид повторно го отстранува крстот од грбот

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид повторно го отстранува крстот од грбот

Реал Мадрид, историски фудбалски клуб од Шпанија и една од најугледните спортски организации во светот, го смени својот грб и го отстрани крстот кој се наоѓа на круната

Како што јавува агенцијата AsiaNews одлуката е донесена на 24 јануари, кога е потпишан регионален договор за дистрибуцуја на клубскиот материјал во земјите на Блискиот Исток.

Договорот, кој важи пет години, и според кој шпанскиот клуб ќе добие 50 милиони евра, е потпишан со фирмата за дистрибуција „Марка“, со седиште во Обединетите Арапски Емирати. На тој начин таа фирма добива ексклузивно право за производство, дистрибуција и продажба на произодите со знакот на Реал Мадрид и тоа во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахраин и Оман.

Бизнисот е важен за денешниот спорт, па и на штета на малиот крст од круната на славниот клуб. Во телефонски разговор за Ројтерс, Калед ал – Меири, потпретседател на фирмата „Марка“ ја објасни одлуката истакнувајќи дека мора да бидат внимателни, бидејќи на подрачјето на заливот владее голема чувствителност кон прозиводите кои на себе имаат втиснат крст. Продажбата започнува во март.

Иако медиумите и навивачите преку електорнска пошта побараа објаснување, Реал Мадрид уште не дава никаква изјава. Тоа не е ништо ново при вакви одлуки. Слично, имено се случи 2012 година, по повод изградбата на Реал Мардир Ресорт во Арапските Емирати. Две години покасно, 2014, овој клуб пак донесе одлука крстот од неговиот грб да се отстрани, ако го користи националната банка на Абу Даби, која е комерицијален партнер на клубот. Тоа предизвиика реакции кај членовите и навивачите, кои остро протестираа против едностраната одлука на претседателот Форентин Перез.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот