Велики Четврток во Струмица
На Велики Четврток, 17 април 2014 година во кадетералата Успение на Пресвета Богородица во Струмица, Н.В.П. монс. др. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света Архиерејска Василиева Литургија, во заедништво со сите свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.
За време на светата Литургија Н.В.П. монс. др. Киро Стојанов го посвети Светото Миро, а потоа на дванаест верници, кои ги симболизираат дванаесетте апостоли, го изврши и обредот миење нозе.
Во своето обраќање владиката Стојанов ја искористи можноста да го честита празникот на свештениците, ден кога Господ Исус Христос ја даде на Црквата светата Тајна свештеничко ракополагање. Исто така на сестрите Евхаристинки им го честита празникот на Евхаристијата. За време на проповедта владиката Стојанов повика: „Молете и за мене да можам да бидам пастир, брат со браќата“.
Проповедта на монс. др. Киро Стојанов во целост.
го*ко