Велигденски концерт во Скопската катедрала

Во духот на Велигден се одржа Велигденски концерт 06 април 2015 година во Катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а во изведба на катедралниот хор при истоимената Католичка црква, хор кој редовно изведува песни за време на литургиските прослави во катедралата но и низ другите цркви во Македонија.

Концертот се одржа под диригентско водство на сестра Татјана Атанасова, и професор Марија Докузова која беше зад оргулите, но исто така звуци на оргулите ни пренесе и богословот Емануел Матес.

Беа изведени дела од разни автори како : J. S. Bach, F. Schubert, W. A. Mozart, Vivaldi, John Williams, T. Albinoni, G.F. Handel, и други реномирани автори. Звуците на тие дела беа во изведба на Будимка  Имери – флејта, Јулија Нелковска – виолина, Висоон трио: (Кристијан Зефиќ – виолина, Петар Смилев – кларинет, Георги Калајџие в- фагот) , Антон Јаковски -хармоника. За прекрасното пеење што ја исполнуваше катедралата, беа задолжени: Серафина Фантаузо – сопран, Нарциса Тунтева – сопран, Антонија Матиќ – Лазаревска и Кристина Томкиќ.

Воведен збор упати Дон Давор Топиќ, а на крај зборови на благодарност искажа Монсињор Антун Циримотиќ .

Чувството на исполнетост и духовност, после концертот се чувствуваше низ целата катедрала. Луѓето меѓу себе уште еднаш си посакаа среќен и благословен Велигден, а мојата маленкост  би додала до следната средба  останете во мир и добро расположение.

к.мк/ подготви:  Јадранка Чадиновска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот