Бог сепак постои

Еден човек седнувајќи на берберскиот  стол, како и обично започнува да разговара со берберот. Како што е и редот, разговарале за сè и сешто. При крајот започнале да зборуваат и за Бог.

Берберот рекол: „Јас не верувам дека постои Бог“.

– Но, зошто? – запрашал човекот.

– Па знаете, доволно е да излезете на улица и да сфатите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои, дали би имало толку болни луѓе? Дали би имало толку напуштени деца? Кога Бог би постоел, ќе нема ниту болест, ниту тага. Не можам да замислам дека може да постои Бог кој ги допуштил сите овие зла – рекол берберот.

Човекот сакал да му одговори, но не го сторил тоа, за да не започне поголема расправија. Берберот ја завршил својата работа, а тој излегол од берберницата. Само што зачекорил по улицата, видел како поминува еден човек со долга, неисчешлана и нечиста коса и неизбричена брада.

Во истиот момент, човекот се враќа во берберницата и му вели на берберот:

– Знаете што? Јас сум пак убеден дека не постојат бербери!

– Како можете да помислите такво нешто? – изненадено го прашал берберот. – Еве, што сум јас тука? Зарем не сум бербер, а пред малку ве избричив и потстрижев.

– Не! – силно извикал човекот. – Да постоеја бербери, по улиците немаше да гледам луѓе со нечиста, долга коса и неизбричена брада, како овој што помина сега тука.

На тоа берберот одговорил: „Ех, но бербери сепак постојат. Јас не сум виновен, а и што можам кога таквите луѓе не доаѓаат кај мене, или пак не одат кај некој друг бербер…“

– Точно, токму така! – му одоговори човекот.

На сличен начин, и Бог постои, браќа и сестри! Лошите нешта се случуваат кога луѓето не доаѓаат при Него, и не Го молат за помош… Оттука е злото и болката во овој свет!

Превод: го*ко

 

Категорија: духовнитекстови

За авторот