Свети Никола, Чудотворец – архиепископ Мирликијски

Роден е во градот Патарa во Мала Азија во покраината Ликија во 3. век. Имал богати родители кои долго време не можеле да имаат деца, па од Бога го измолиле Никола, кој името го добил по неговиот чичко, кој бил епископ во Мир. За жал неговите родители набрзо умираат и Никола останува сам.

Станува свештеник сакајќи да шири љубав и милости. Наскоро умира неговиот чичко, епископот од Мир и сите мислиле дека Никола ќе го наследи. Но тој бидејќи скромен од страв од таа почест бега во Палестина каде живее осамен живот. После неколку години се враќа, точно кога умира наследниког на неговиот чичко. Овој пат не може да побегне и го посатавуваат за епископ во Мир. Од тогаш ноќе поминува молејќи, а преку денот помагајќи им на луѓето во потреба и ширејќи ја верата.

Според народното верување правел и чуда. Како Исус, го смирува разбранетото море и затоа е заштитник на морнарите. Со свој благослов оздравува дете на кое му застанала коска од риба во грлото и затоа е наречен заштитник на децата. Во својот живот секогаш се бори против неправдите и за љубов кон ближниот во кој го препознава Бог. Исцрпен од покора и работа умира на 6/19. декември 327 година. Погребен е во Мир каде и денес се наоѓа саркофагот во кој некогаш било положено неговото тело. Поради турските освојувања телото му било пренесено во италјанскиот град Бари каде и денес се наоѓаат неговите моштии.

Легенда

Денас е познат како лик кој децата ги радува со дарови. Таа традиција влечи корени од следната легенда:

Во близина на родителската куќа на свети Никола живеел човек, некогаш богат, но ја изгубил царската служба и целиот имот. Имал три ќерки кои требало да се омажат, но неможел да им даде мираз. Несреќниот татко решил да тргува со телото, убавината и младоста на своите керќи и така да заработи за нивно мажење. Девојките се молиле на Бог да ги избави од тоа зло и да ја спаси нивната невиност и достоинство.

Свети Никола некако дознал за таа одлука на несовесниот татко, па откако зема торбичка ја полни со златници, ја обвиткува со платно и доаѓајќи ноќе потајно до куќата ги фрлил обвитканите златници низ прозорецот. Таткото на девојите се зачудил кога утрото видел толку голема сума на пари. Гледајќи дека сумата пари е доволна, дури и повеќе од потребното за да ја омажи на достоинствен начин едната ќерка. Со тој дар ја омажил едната ќерка. Истото тоа се случило и вторпат; наоѓа едно утро уште торбичка со златници. Ја омажил и средната керќа. Понатаму легендата има два краја:

1. А кога ја омажил и втората ќерка на таткото нешто од внатре му говори дека овој добротвор ќе дојде и по трет пат. Затоа во заседа чекал неколку вечери. И навистина кога свети Никола го фрлил својот дар и за најмладата керќа скокнал таткото, го фаќа непознатиот и во него го препознава Никола. И покрај барањето да молчи среќниот татко ја разгласил по целото место радосната вест.

2. Вториот завршеток на легендата е вака: Никола забележал дека таткото на девојкота  го чека во заседа за да го фати, па се присетил, се качил на кровот и златниците ги фрлил преку оџакот. Како на отвореното огниште се сушеле чорапи, златниците паднале во нив и од тогаш доаѓа ставање поклоните во чорапи или чизми.

Овој прекрасен и многу почитуван светител се слави на 6/19 декември и во Источната и во Западната црква. Тој ден во спомен на него во многу места родителите даваат поклони на своите деца.

Заштитник е на децата, морнарите, девојките, сиромасите, студентите, аптекарите, пекарите, рибарите, затворениците, трговците, патниците. островот Сицилија, Универзитетот во Париз и многу градови по целиот свет.

 Извор: Wikipedija

Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот