Преображението ни помага да го сфатиме пасхалното таинство – истакна папата Фрањо на молитвата Ангел Господов на 24 февруари 2018 година, која се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во своето размислување Папата се концентрираше на Исусовото проебражение, кое е опишано во денешното евангелско читање според Марко. Папата напомена дека тој настан е поврзан со она што се случи шест дена порано, имено кога Исус на своите ученици им откри дека „Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне“ (Марко 8,31).
Тоа навестување го доведе во криза Петар и целата група ученици, кои ја одбија идејата дека старешните би го отфрлиле Исус и дека би можел да биде убиен. Всушност, тие очекуваа моќен Месија, владетел, а наместо тоа Исус се претставува како понизен и кроток слуга Божји и на луѓето, кој ќе мора да го жртвува својот живот, минувајќи по патот на прогонство, страдање и смрт – рече Светиот Отец и праша: Како е можно да се следи Учителот и Месијата чиј што земски живот ќе заврши на еден таков начин? Одговорот е токму во преображението како антиципирано воскресно објавување – истакна Папата.
Папата потсети дека Исус со себе зеде тројца ученици, Петар, Јаков и Иван, и ги поведе на високата гора (сп. Марко 9,2), покажувајќи им ја таму за момент својата слава, славата на Синот Божји. Настанот на преображение така им дозволува на учениците да се соочат на позитивен начин со Исусовата мака, а при тоа да не бидат надвладеани. Преображението им помага на учениците, но и нас, да разбереме дека Христовата мака е таинство на страдање, но пред сѐ е дар на неизмерната љубов од страна на Исус – рече Светиот Отец. Настанот на Исусовото преображение на гората исто така ни помага подобро да го сфатиме неговото воскресение.
Папата Фрањо напомена дека не е лесно да се сфати ниту воскресението ниту пасхалното таинство. За да ги разбереме непходно е однапред да се знае дека Оној кој трпи и кој е прославен не е само човек, туку е и Син Божји, кој нѐ спаси со својата верна љубов и тоа сѐ до смрт. Отецот на тој начин го обновува месијанскиот проглас за својот Син, како што веќе се беше случило на денот на неговото крштение и поттикнува „Слушајте Го!“ (Марко 9,7) – рече Папата и продолжи: Учениците се повикани да го следат Учителот со доверба и надеж, и покрај неговата смрт. Исусовото божество мора да се открие токму на крстот, токму преку неговата смрт на таков начин.
Да се помолиме сега на Блажена Дева Марија, човечко битие, кое е одвнатре преобразено со Христовата милост. Да се надеваме на нејзината мајчинска помош како со вера и великодушност би го продолжиле патот во Великиот пост – рече Папата на крајот од пладневниот наговор.
РВ/к.мк