Алепо: Деца молат за престанување на убивање на деца

Стотици христијани и муслимани, момчиња и девојчиња од Алепо на 6 октомври оваа година ќе се сретнат за да молат за престанување на убивањето – посебно убивање на беспомошните деца – во тој град како и во цела Сирија изјави надбискупот Бутрос Марајати.

Во иницијативата ќе учествуваат деца на училишна возраст кои исто така ќе ги стават своите потписи како и отисоците од прстите за апел со кое ќе ги замолат светските водачи да се стави крај на убивањето – посебно на децата кои во секоја војна се најранливи. „Но, пред сè, тие ќе молат. Ќе се молат за своите врсници и веруваме во фактот дека детската молитва е посилна од нашата“, додаде надбискупот Марајати.

Бомбардирањата и убивањето на цивили во Алепо ја покажаа целата кревкост на мирот, прогласен пред помалку од две недели. По тоа прашање надбискупот Марајати може од прва рака да посведочи што се случува во тој сириски град: „Во средата претставници на сириската влада и војската имаа состанок на кој донесоа одлука дека ќе испратат повик до цивилите кои живеат во места недалеку од подрачја под контрола на бунтовниците. Во повикот стои дека сириските сили ќе обезбедат отворени патиша за да му овозможат на населението да ги напуштат загрозените подрачја и да се упатат кон побезбедни зони. Всушност многу семејства веќе ги напуштија небезбедните места и пристигнаа во подрачја под управа на владината војска, потврдувајќи дека повикот стигнал до своето одредиште. Но, масовна евакуација изостана: можеби многумина не можат ниту да заминат. Повикот исто така има и рок на траење: понудата важи уште неколку деna. Ќе има уште крв ако конфликтните страни не се договорат околу укинувањето на оваа валканата војна,“ заврши надбискупот Бутрос Марајати.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот