Црквата во Малта

Црквата во Малта

По повод апостолското патување на папата Фрањо на Малта (2 и 3 април 2022 година), ви ги пренесуваме статистички податоци за Црквата во таа островска држава, објавени на веб-страницата на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Корените на христијанството во Малта се од апостолско време. Денес, од 478 илјади жители, 408 илјади се католици (85,2%).

Малтешката бискупска конференција (КЕМ) се состои од четворица бискупи: претседателот на КЕМ, надбискупот на Малта Чарлс Јуд Сциклуна, бискупот од Гоза Антон Теума, помошниот бискуп на Малта Џозеф Галеа-Курми и надбискупот во мирување Пол Кремона.

Генералниот секретар на Бискупската синода, кардинал Марио Греч, исто така е од Малта, а за време на апостолското патување ќе го придружува Папата.

Во служба на Светиот Престол, во Малта се родени уште тројца бискупи: надбискупот Антоан Камилери, апостолски нунциј во Етиопија и Џибути и апостолски делегат во Сомалија; надбискупот Јосиф Спитери апостолски нунциј во Либан; и надбискупот Алфред Ксуереб, апостолски нунциј во Кореја и Монголија.

Надбискупијата Малта и бискупијата Гозо се организирани во 85 парохии и 10 други пасторални единици.

Во Малта има 411 бискупски свештеници и 305 свештеномонаси. Во просек, односот на свештениците со верници е 1: 569.

Има 33 монаси и 797. Бројот на членови на световни институти изнесува 35 и 1249 катехисти.

Во моментов на Малта нема семинаристи, а има 48 богослови, односно десет на 100.000 жители.

Католичката црква во Малта има 48 детски градинки и основни училишта, 24 средни училишта и две високообразовни институции.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот