Пожар во катедралата во Нант

Пожар во катедралата во Нант

Пожарникарите се борат со пожарот кој избувна во сабота 18 јули 2020 година во раните утрински часови во катедралата во францускиот град Нант, објавија локалните служби на Твитер.

Телевизиските снимки покажуваат чад од камбанаријата на катедралата, која е изградена во 15 век.

„Пожарот не е под контрола, уште се развива. Ова е голем пожар – истакнуваат од противпожарните служби, кои пред 8.00 часот испратија 60 пожарникарски возила на местото на пожарот.

Пожарот во Нант се случува по нешто повеќе од една година од големиот пожар во Париз кој тешко ја оштети катедралата Нотр Дам.

 

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот