Папата за објавите во Меѓугорје…

Папата за објавите во Меѓугорје…

На враќање од Португалија, Светиот Отец како и обично, одговораше на прашања на новинарите, меѓу кои беа за објавите во Меѓугорје и укажа на разликата од т.н. извештај на Руини, кој ја истакнува разликата помеѓу првичните меѓугорски објави и актуелните…

Во продолжение ги пренесуваме актуелните…

                                                  * * * * *

На прашање за евентуална ревизија на толкувањето на фатимските пораки, Папата одговори негативно и рече „Верувам дека во своето време кардинал Рацингер – тогаш префект на Конгрегацијата за наука на верата – сè детално објасни.

На забелешка дека вчера од верниците бараше да се „срушат сите ѕидови“, а на 24 мај 2017 година треба да се сретне со американскиот претседател кој се заканува со градење ѕидови и кој помалку е спротивен на неговите зборови; и што мисли за досегашната политика на претседателот Трамп односно што очекува од средбата со него, Светиот Отец одговори:

„Никогаш не донесувам суд за личност, а претходно да не сум ја сослушал. Верувам дека тоа не треба да се прави. Во нашиот разговор работите ќе излезат на видело; јас ќе кажам што мислам; тој исто така ќе го каже тоа што го мисли, но никогаш не сакам да донесувам суд, а претходно да не сум ја слушнал личноста – повтори Папата.

Што се однесува до моите очекувања од шефот на државата кој мисли поинаку од мене – рече папата Фрањо – секогаш има врата која не е затворена. Барај ја вратата која е малку подотворена; па влези преку неа и разговарај за заедничките работи и оди напред, чекор по чекор. Мирот е вештина: се гради секој ден. Пријателството меѓу луѓето, меѓусебното запознавање, довербата се вештина; тоа е нешто што се прави секој ден. Почитувањето на другиот; кажи го она на што мислиш, но со почитување; и оди заедно. Некој мисли на еден начин, некој на друг. Но, кажи и биди многу искрен во поглед на она што се мисли – објасни Светиот Отец.

На прашање што мисли за Меѓугорје и на тамошните објави Светиот Отец одговори: Сите објави – или наводни објави – спаѓаат во приватна сфера; не припаѓаат на јавното и редовно учителство на Црквата. Што се однесува до Меѓугорје, да се спуштиме на земја. Беше основана комисија со која претседаваше кардинал Руини, ја основаше Бенедикт XVI. Јас на крајот на 2013 или почетокот на 2014 година од кардинал Руини ги добив резултатите.

Комисијата е составена од изворедни теолози, епископи, кардинали – навистина изворедни. Извештајот на Руини е многу добро направен. Подоцна имаше некои двоумења во Конгрегацијата за наука на верата и Конгрегацијата пресуди соодветно, од секој член на конгресот, испрати цела документација, па дури и таа која изгледаше спротивна на извештајот на Руини. Мислењата се разгледани и сите ја нагласуваат вредноста на извештајот на Руини.

Во принцип треба да се разликуваат три работи. За првите објави на децата, извештајот помалку-повеќе вели дека треба да се продолжи со проучувањето. Околу објавите – наводни сегашни објави – извештајот има одредени двоумења. Посебно ми е драга Пресвета Богородица – Мајка, нашата Мајка, од Богородица –шефица на телеграфска канцеларија, која секој ден испраќа порака во одреден час – тоа не е Исусова Мајка… Тие наводни објави немаат голема вредност. Но, тоа го велам како лично мислење. Кој мисли дека Пресвета Богородица може да каже: „Дојдете, затоа што утре во тој и тој час на тие луѓе на кои им се објавувам ќе им дадам порака!“, тоа не. Во извештајот на Руини се разликуваат два типа на објави – рече папата Фрањо.

Третото, самото јадро на извештајот на Руини е духовниот и пасторалниот аспект. Народот кој таму оди и се преобраќа; народ кој го среќава Бог и кој го менува својот живот. Тој духовно-пасторален аспект не може да се негира. За работите да се видат со сите тие податоци, со одговорите кои ми ги испратија теолозите, именуван е бискуп; посебен заради своето искуство – да истражи како се развива пасторалниот аспект. А потоа за тоа ќе се каже некој збор… – рече Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот