Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо го прими новиот турски амбасадор во Ватикан
Во четврток, 16 февруари 2023 година, Светиот Отец Фрањо го прими новиот амбасадор на Република Турција во Светиот Престол, Уфук Улуташ, кој му ги предаде акредитивните писма.
Отец Мишел Јалах е новиот секретар на Дикастеријата за Источни цркви
Во среда, 15 февруари 2023 година, папата Фрањо го именува либанскиот маронитскиот свештеник отец Мишел Јалах, ОАМ, моментално ректор на Универзитетот Антонин во Баабда, Либан, за нов секретар на Дикастеријата за Источни цркви, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Помош од папата Фрањо за населението во Турција и Сирија
Папата Фрањо преку Твитер порака ги поттикна верниците да продолжат да се молат за жртвите од земјотресот и нивните семејства и конкретно да им помогнат на преживеаните од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари. Преку Дикастеријата за служба на милосрдието, тој обезбеди првична финансиска помош и испраќање на термо облеки во бегалските кампови.
Генерална аудиенција: Да навестуваме за Божјата близина
На Генералната аудиенција, папата Фрањо размислуваше за христијанското навестување на Божјата близина и ги охрабри присутните верници да црпат сила од нивниот однос со Исус за да можат заедно со благост да го проповедаат Евангелието
Папата: Да молиме суровото страдање на украинскиот народ наскоро да престане
На Генералната аудиенција, папата Фрањо уште еднаш упати апел за „саканиот народ“ во Источна Европа, кој сè уште е измачуван од конфликтот што избувна на 24 февруари 2022 година.
Папата Фрањо: Знаењето и верата ја осветлуваат темнината на омразата
Да се премине од темнината на незнаењето во светлината на знаењето е задача на образованието истакна Папата примајќи делегација од 84 членови на Универзитетот Сулхан-Саба Орбелијани од грузискиот главен град Тбилиси на аудиенција во Ватикан. Папата Фрањо ги потсети членовите на универзитетот, кој штотуку наврши 20 години постоење, на важноста на културата и верата во свет во кој темнината на заборавот и рамнодушноста е сè погуста.
Папата: Борете се никој да не биде дискриминиран од здравствените услуги
На средбата со делегацијата на Италијанската федерација на пациенти со ретки болести (UNIAMO), папата Фрањо ги охрабри членовите да продолжат да се залагаат за подобар квалитет на грижа и интеграција на здравствените услуги за болните луѓе
Папата Фрањо: Да не ги заборавиме Сирија, Турција и Украина
На крајот од пладневното обраќање Папата поттикна молитва за жителите на двете земји уништени од катастрофалниот земјотрес и го повика Бога одговорните во руско-украинскиот конфликт да одат по патиштата на мирот.
Папата повика на молитва за никарагванскиот бискуп Алварез
Поздравувајќи ги верниците собрани на плоштадот Свети Петар, по молитвата Ангел Господов на 12 февруари 2023 година, папата Фрањо изрази жалење за веста која доаѓа од Никарагва, каде бискупот од Матагалпа, монсињор Роландо Алварез Лагос, е осуден на 26 години затвор.
Папата: Љубовта дава смисла на заповедите
Папата Фрањо во својата пладневна проповед објасни дека верските заповеди се корисни и добри, но дека за да се исполнат потребно е да се оди подалеку од буквите. Да се чувствуваме добро затоа што не сме убиле, украле или повредиле некого, значи да се задоволиме со минимумот, додека Исус, напротив, нè поттикнува да правиме што е можно повеќе и да сакаме неизмерно како што Тој сакал