Папата: Да молиме суровото страдање на украинскиот народ наскоро да престане

Папата: Да молиме суровото страдање на украинскиот народ наскоро да престане

На Генералната аудиенција, папата Фрањо уште еднаш упати апел за „саканиот народ“ во Источна Европа, кој сè уште е измачуван од конфликтот што избувна на 24 февруари 2022 година.

По катехезата на Генерална аудиенција во среда 15 февруари 2023 година, папата Фрањо уште еднаш упати апел за украинскиот народ кој речиси една година секојдневно ја живее драмата на војната:

Да не го заборавиме саканиот и измачен народ во Украина, молејќи се нивните сурови страдања наскоро да престанат.

Уште еден апел да замолчи оружето се надоврзува на безбројните апели упатени од папата Фрањо во изминатите дванаесет месеци. Во својата пладневна проповед минатата недела, тој посака Господ да ги отвори патиштата на мирот и да им даде храброст на одговорните да ги следат. И на Генералната аудиенција во среда, 8 февруари, Папата ги спомна страдањата на украинскиот народ кој, како што рече, на овој студ, без светлина, без греење поминува низ војната.

ОН: Потребни се 5,6 милијарди долари

Во меѓувреме, во Украина расте тревогата за нова руска офанзива од големи размери. Според новински извори, Москва почнала да распоредува бродови и подморници со тактичко нуклеарно оружје во Балтичкото Море и да собира борбени авиони на границата.

Обединетите нации, пак, упатија апел за собирање хуманитарна помош во износ од 5,6 милијарди долари наменета за Украина во 2023 година, со цел да се олесни маката на милиони луѓе погодени од конфликтот. По речиси една година, војната секојдневно предизвикува смрт, уништување и раселување со неверојатни размери – се вели во соопштението на главниот претставник на Обединетите нации за хуманитарна помош, Мартин Грифитс.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот