Помош од папата Фрањо за населението во Турција и Сирија

Помош од папата Фрањо за населението во Турција и Сирија

Папата Фрањо преку Твитер порака ги поттикна верниците да продолжат да се молат за жртвите од земјотресот и нивните семејства и конкретно да им помогнат на преживеаните од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари. Преку Дикастеријата за служба на милосрдието, тој обезбеди првична финансиска помош и испраќање на термо облеки во бегалските кампови.

Да не заборавиме на оние кои страдаат од земјотресите во Турција и Сирија. Да продолжиме и понатаму да се молиме за жртвите и нивните најблиски и конкретно да се ангажираме за помош на преживеаните. Господ нека им даде утеха на населението погодено од оваа страшна несреќа.

Преку Твитер пораката објавена на 15 февруари 2023 година на неговиот Твитер профил @Pontifex, Папата уште еднаш ги насочи своите мисли и близина на илјадниците луѓе погодени од катастрофата предизвикана од земјотресот што ги погоди Сирија и Турција на 6 февруари. Привремената проценка е повеќе од 41.000 мртви. Дополнително, во своето неделно пладневна обраќање, Папата, покрај духовната поддршка, поттикна и конкретна поддршка, за да им ја олесни болката на тие народи кои страдаат од земјотресот. Оваа поддршка ја испрати самиот Свети Отец, преку Апостолската милостилница.

Заедно со Турција и Сирија

Во средата брод го напушти пристаништето во Неапол и за два дена ќе пристигне во Искендерун, во Турција. На бродот, покрај помошта на италијанската влада и други невладини организации, ќе има и 10.000 термо облеки кои кардиналот Конрад Крајевски, делител на милостина на Папата, лично ги однесе во Неапол. Оваа облека е наменета за бегалскиот камп во Килис, Турција, кој се наоѓа на околу 60 километри од сирискиот град Алепо. Дистрибуцијата на облеката ќе и биде доверена на фондацијата Рава, која долго време е присутна во областа, обезбедувајќи храна и сместување на илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата.

Во последните години, по избувнувањето на војната во Сирија, кампот се прошири и прими околу 60.000 бегалци, но многу други живеат во импровизирани кампови. Земјотресот, како што можеше да се очекува, ја влоши ситуацијата, а на присутните бегалци им се придружија голем број луѓе од настраданите подрачја.

Што се однесува до Сирија, како што информира кардиналот Крајевски, Папата преку Дикастеријата за служба на милосрдие испрати финансиска помош до Апостолската нунцијатура, со што ќе се погрижи таа да се искористи на терен, поддржувајќи го населението кое веќе е во тешка состојба од долгогодишната војна, а сега е исто така погодено и од разорниот земјотрес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот