Отец Мишел Јалах е новиот секретар на Дикастеријата за Источни цркви

Отец Мишел Јалах е новиот секретар на Дикастеријата за Источни цркви

Во среда, 15 февруари 2023 година, папата Фрањо го именува либанскиот маронитскиот свештеник отец Мишел Јалах, ОАМ, моментално ректор на Универзитетот Антонин во Баабда, Либан, за нов секретар на Дикастеријата за Источни цркви, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Отец Јалах е роден на 27 август 1966 година во Баучриех (Либан). Тој ги даде своите први монашки завети на 15 август 1983 година во Антонијанскиот маронитски ред и за свештеник е ракоположен на 21 април 1991 година. Од декември 2000 до јули 2008 година, тој работеше во секретаријатот на тогашната Конгрегација за Источни цркви. Докторирал по еклисиологија на Папскиот ориентален институт во Рим во 2008 година.

Од 2013 до 2018 година беше Генерален секретар на Блискоисточниот совет на Црквите и член на Комисијата за екуменски односи на Собранието на католичките патријарси и бискупи во Либан. Беше предавач на Универзитетот Антонин во Баабда, каде што стана ректор во 2017 година.

На 21 ноември 2022 година, папата Фрањо именува нов префект на Дикастеријата за Источните цркви: надбискупот Клаудио Гуџероти (67), дотогаш апостолски нунциј во Велика Британија. Надбискупот Гуџероти ја започна својата служба на 16 јануари 2023 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот