Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо: Војната е пораз на човештвото
Папата повторно го сврте вниманието кон војната во Украина на крајот од Генералната аудиенција, повикувајќи ги верниците да му се придружат на него и на бискупи од целиот свет во молитвата на 25 март и да се помолат на Господа, за дар на мирот преку застапништво Пресвета Богородица.
Објавени се мотото и логото за Апостолското патување на папата во Јужен Судан
„Се молам сите да бидат едно“, е мотото што ќе го придружува Апостолското патување на папата Фрањо во Јужен Судан од 5 до 7 јули. Објавено е и лого, на кое се гледа контурата на земјата и гулаб кој носи маслиново гранче.
Порака на Папата до учесниците на форумот за вода
До учесниците на Светскиот форум за вода, собрани во Сенегал, папата Фрањо испрати порака потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, во која го повтори правото на вода за пиење и санитарни услови како примарно, универзално и основно за градење на братството.
Папата и претседателот Зеленски разговараа телефонски
Украинскиот претседател се обрати пред италијанскиот парламент по телефонскиот разговор со папата Фрањо.
Презентирана е Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“
На 21 март, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол стручњаци од Ватикан ја презентираа долгоочекуваната Апостолска конституција на Папата за Римската курија „Praedicate Evangelium“.
Крстниот пат со папата Фрањо се враќа во Римскиот Колосеум
Објавен е распоредот на литургиски славења што ќе ги предводи Светиот Отец во април и мај. Важните настани на распоредот на Папата вклучуваат апостолско патување во Малта, славење на Велигден и канонизација на неколку блажени, вклучувајќи го и Шарл де Фуко.
Папата: Водата треба да биде извор на соработка, а не на конфликт
Светиот Отец во аудиенција прими волонтерска организација која промовира пристап до чиста вода за пиење и ги охрабри државите да го остават настрана конфликтот околу ресурсите и наместо тоа да ги здружат силите за да се соочат со универзалните проблеми.
Папата го прими либанскиот претседател
Светиот Отец во понеделник 21 март 2021 година го прими во аудиенција претседателот на Либан, Мишел Аун, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите, монс. Пол Ричард Галагер.
Ангел Господов: Со отворени срца да го прифатиме Господовиот повик за преобраќање
Евангелието на денешната Литургија зборува за вестите кои го наведуваат Исус да објасни дека неволјите и несреќите не треба да му се припишуваат на Бога; на ист начин – објасни Папата во своето пладневно обраќање во недела 20 март 2022 година – страшните настани од овие недели не се казна од Семоќниот. Гревот е тој што предизвикува смрт; нашата себичност ги уништува односите; нашите погрешни и насилни одлуки поттикнуваат зло. Вистинското решение е преобраќање, отворање за логиката на Евангелието
Папата: Агресорската војна против Украина е нечовечка и светогрдна
По молитвата Ангел Господов на 20 март 2022 година, Папата истакна: „Сето ова е нехумано! И многу повеќе, тоа е и светогрдие, бидејќи се коси со светоста на човечкиот живот, особено против беспомошниот човечки живот кој треба да се почитува и штити, а не да се елиминира, а кој е пред секоја стратегија!“ Ја спомена и вчерашната посета на украинските деца во болницата Bambino Gesù и ги покани верниците да му се придружат во петок во посветата на човештвото, особено