Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо го прогласи свети Иринеј за црковен учител

На 21 јануари 2022 година папата Фрањо издаде декрет со кој свети Иринеј Лионски, апостол на келтскиот и германскиот народ, бранител на науката, му се доделува титулата црковен учител, со наслов „Doctor unitatis“.

Ватикан Вести

Охрабрување од Папата за жителите на островот Ла Палма по ерупцијата

Ве следам во обновата – стои во пораката на папата Фрањо до жителите на шпанскиот остров Ла Палма, кои од септември страдаат од последиците на вулканските ерупции. Видео пораката е снимена вчера од бискупот на Тенерифе, за време на аудиенцијата на Папата со третата група шпански бискупи при посетата ад лимина.

Ватикан Вести

Свети Иринеј ќе биде прогласен за Црковен учител

Префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Марчело Семераро, за време на аудиенцијата на папата Фрањо му го претстави позитивното мислење од Пленарното собрание на Конгрегацијата за доделување на титулата црковен учител на свети Иринеј Лионски.

Ватикан Вести

Папата: Вистинско богатство се луѓето; без нив нема заедница, нема бизнис, нема економија

Папата Фрањо го прими италијанското национално здружение на градежници по повод 75. годишнината од нивното основање. Луѓето се непроценливи во очите на Бога, но и во очите на вистинскиот претприемач, рече Светиот Отец и повика на етичка, законска и сигурна работа.

Ватикан Вести

Папата повика на молитва за полно единство на христијаните

Ден по почетокот на молитвената осмина за единство на христијаните, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 19 јануари 2022 година го обнови повикот до секое крстено лице да го поддржи екуменскиот од. За време на поздравите до верниците кои зборуваат полски и оние кои зборуваат француски, англиски и италијански, Папата го спомена почетокот на Молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе трае до 25 јануари, кога Светиот Отец ќе ја заврши со Вечерна во базиликата Свети Павле надвор

Ватикан Вести

Папата на Генералната аудиенција: Господ со нежност ги допира нашите рани

Зборувајќи за свети Јосиф како благ татко, папата Фрањо на Генералната аудиенција на 19 јануари 2022 година рече дека татковството на светецот е израз на Божјата нежна љубов.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го прими претседавачот со Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ

По средбата со Папата, Жељко Комшиќ разговараше со надбискупот Пол Галагер, секретар за односи со државите. Ова е негова втора средба со Папата, по онаа одржана во февруари 2020 година.

Ватикан Вести

Папата: Комуникацијата треба да помогне во градењето на братството

Примајќи ја делегацијата на Кустодијата на Светата Земја, Папата ја истакна важноста да се зборува за животот на општествата на Блискиот Исток и ги охрабри присутните да продолжат, во времето на социјалните мрежи, да воспоставуваат единство меѓу христијанските деноминации, различните религии и меѓу Црквата и мигранти, бегалци и прогонети.

Ватикан Вести

Папата: Потрагата по единството на христијаните мора да биде заедничко патување

Во пресрет на почетокот на Светската молитвена осмина за единство на христијаните, папата Фрањо на 17 јануари 2022 година во аудиенција прими делегација од Финска, која ходочасти во Рим на празникот Свети Хенрик.

Ватикан Вести

Папата повика на молитва за единство на христијаните

Жртвите од поплавите во Бразил и единството на христијаните се настаните на кои папата Фрањо стави акцент по завршувањето на неделната молитва Ангел Господов.