Папата на годишнината од канонизацијата на Свети Игнатиј: Молитвата го менува светот

Папата на годишнината од канонизацијата на Свети Игнатиј: Молитвата го менува светот

На 12 март 2022 година, папата Фрањо сослужуваше на светата Литургија во римската црква Il Gesù, на 400. годишнината од канонизацијата на свети Игнатиј од Лојола, свети Фрањо Ксавиер, света Тереза Исусова, свети Исидор и свети Филип Нери.

Папата Фрањо сослужуваше на светата Литургија во срцето на Рим, на годишнината од канонизацијата на свети Игнатиј од Лојола, основачот на Друштвото Исусовци. Свети Игнатиј бил прогласен за светец на 12 март 1622 година, заедно со свети Фрањо Ксавиер, света Тереза од Авила, свети Исидор и свети Филип Нери. Светата Литургија ја предводеше генералниот поглавар на Друштвото Исусовци, отец Артуро Соса.

Папата одржа проповед размислувајќи за литургиските читања од втората недела од Великиот пост, каде што евангелието зборува за Преображението Господово. Светиот Отец се фокусираше на четирите дела на Исус во Евангелието: најпрво ги „зеде“ апостолите со себе; „се искачи“ на планина; се молеше; и „остана“.

Посета на Центарот Астали

На крајот од светата Литургија, поглаварот на Друштвото Исусовци изрази благодарност до Господа, а од името на Исусовците и целото семејство на свети Игнатиј му се заблагодари на Светиот Отец за неговото присуство. Во пресрет на деветгодишнината од изборот на папата Фрањо, генералниот поглавар моли благослов за Светиот Отец во исполнувањето на неговата Петарова служба. На крајот, тој го запозна Папата и со десетина жени кои побегнаа од војната и прогонството, а кои се примени во Исусовскиот центар „Centro Astalli“, кој папата Фрањо го посети по светата Литургија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот