Градоначалникот на Киев му пиша на Папата

Градоначалникот на Киев му пиша на Папата

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни ги информира новинарите за писмото на градоначалникот на Киев до папата Фрањо. Светиот Отец ја потврди својата близина со народот.

Одговарајќи на прашања на новинарите во вторник 15 март 2022 година, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни потврди дека папата Фрањо добил писмо од градоначалникот на Киев и додаде дека Светиот Отец е близок со страдањата на градот, неговите жители, оние кои морале да бегаат и оние кои се повикани да управуваат со нив. Тој се моли на Господа да ги заштити од насилство и за нив и за сите го повторува апелот кој го упати во неделата, по молитвата Ангел Господов: „Соочени со варварството на убивање деца, невини луѓе и беспомошни цивили, не постојат стратешки причини кои можат да го оправдаат тоа. Потребно е само да се запре неприфатливата вооружена агресија, пред градовите да се сведат на гробишта“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот