Папата Фрањо пристигна во Лисабон

Папата Фрањо пристигна во Лисабон

Светиот Отец на 2 август го започна своето 42. Aпостолско патување, во чии рамки ќе учествува на Светскиот ден на млади во Лисабон. Тој слета во главниот град на Португалија непосредно пред 11.00 часот по средноевропско време.

Авионот со кој патува Папата е летало со нулта CO2 влијание врз животната средина. Светиот Отец полета од аеродромот Фиумичино во Рим во 8.00 часот наутро. Неговото патување во Лисабон по повод учеството на 37. Светски ден на младитет траеше три часа.

Надбискупот Иво Скапало, апостолски нунциј во Португалија, го пречека Папата во авионот. Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса го пречека пред авионот, а две деца му подарија цвеќе на Светиот Отец. Добредојде на Папата му посакаа и надбискупот од Лисабон, кардиналот Мануел Клементе и бискупот во мирување од Леирија – Фатима, кардинал Антонио дос Сантос Марто. По слетувањето, Папата беше превезен во Националната палата во областа Белем. Имаше официјален пречек и куртоазна посета со претседателот Ребело де Соуса. Додека Папата се возеше кон центарот, десетици илјади луѓе го поздравуваа и вееја знамиња. Тој беше пречекан и со почесен вод од поморски брод.

Пред да замине за Лисабон, во Домот Света Марта се поздрави со петнаесетина луѓе придружувани од апостолскиот милостинар кардинал Конрад Крајевски. Меѓу нив имаше млади луѓе од заедницата за рехабилитација кои не можат да учествуваат на Светскиот ден на млади и баби и дедовци со нивните внуци. „Оваа средба, како и неодамна прославениот Светски ден на бабите и дедовците и стари лица – се наведува од соопштението на Канеларијата за печат на Светиот Престол – ја нагласува врската меѓу генерациите кои можат да се поддржуваат и да учат едни од други.

Со папата Фрањо во авионот патувааа околу седумдесет новинари и членови на екипажот. Папата ќе престојува во Португалија до 6 август.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот