Генерална аудиенција: Мудроста на постарите пречи на навиката расипаност

Генерална аудиенција: Мудроста на постарите пречи на навиката расипаност

Во катехезата на Генералната аудиенција, папата Фрањо продолжи да размислува за темата старост, нагласувајќи ја одговорноста својствена за постарите: грижата за младите и покажувајќи им што е навистина важно по примерот на Ное, кој изгради ковчег за да го спаси човештвото.

Бог беше толку огорчен поради распространетата злоба на луѓето, која станала нормален начин на живот, по што си мислеше дека згрешил кога ги создал и решил да ги истреби – со овие силни зборови папата Фрањо ја започна катехезата на Генералната аудиенција во среда 16 март 2022 година, продолжувајќи ја серијата катехези посветени на повозрасните.

И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога (1 Мојсеева 6,5-8).

Несвесна претстава за конечната катастрофа

Осврнувајќи се на дел од Библијата прочитан на почетокот на аудиенцијата, Папата укажа на контрадикторноста на нашето време. Од една страна – како што рече – го имаме оптимизмот на вечната младост, а напредокот на науката и технологијата ни овозможува да видиме прекрасна иднина; од друга страна, нашата фантазија се повеќе е насочена кон прикажување на крајната катастрофа што ќе нѐ уништи. Тоа може да се случи со евентуална атомска војна – рече Папата.

Ден по ова – ако сè уште бидеме тука, деновите и луѓето – ќе мора да почнат од почеток. Да се уништи сѐ како би започнале од нула – рече Папата. Не сакам, се разбира, темата за напредокот да ја направам безвредна. Но, се чини дека симболот на потопот кај нас зема замав на несвесно ниво – додаде тој, гледајќи на бројните драми во историјата, го истакна чувството што живее во нас. Не ни се случува ли понекогаш и на нас– обземени со чувства на беспомошност пред злото или обесхрабрени од „пророците на несреќата“ – да мислиме дека би било подобро да не се сме се родиле? Дали треба да веруваме во одредени нови теории кои го прикажуваат човечкиот вид како еволутивна штета за животот на нашата планета? – праша Светиот Отец.

Најстариот го спасува човештвото

Во дел од Библијата, најстариот од сите, Ное, „праведник“, го спасува човештвото од расипаност и уништување – забележа Папата и рече: Дали староста ќе го спаси светот, се прашувам? Во која смисла и на кој начин? Само во однос на опстанокот до последната драма или во однос на животот после смртта? Зборувајќи за времето на Ное, Исус вели дека во тоа време јаделе, пиеле, земале жени и мажи, до моментот на потопот во кој сите загинале – рече тој, додавајќи дека тоа биле дела на нормален живот; не изгледаат дека се пример за расипаност. Каде е тогаш расипаноста?

Исус всушност го нагласува фактот дека луѓето, кога се ограничуваат на уживање во животот, ја губат дури и перцепцијата за расипаност, која потоа станува нешто нормално – рече Папата и даде пример близок на нашето секојдневно искуство. Кога сакате да направите нешто, а процесот е бавен, колку пати можете да слушнете: „Ако ми дадете бакшиш, ќе го забрзам“. Сите добро го знаеме тоа.

Нормалност на расипаноста

Расипаноста станува дел од нормалниот живот, а со тоа се губи смислата и вредноста. Добрата за живот се консумираат и се ужива во нив без да се поведе грижа за духовниот квалитет на животот, без грижа за заеднички дом. Сè се искористува, не грижејќи се за страдањата и потчтеноста поради кои многумина страдаат, па дури и за злото што ја труе заедницата. Сè додека нормалниот живот може да биде исполнет со благосостојба, не сакаме да мислиме на она што го прави лишен од правдедноста и љубовта. Некој би рекол: Но, јас сум добар, зошто треба да мислам на проблеми, војни, човечка беда, на сиромаштво, на толкаво зло?

Расипаноста, која произлегува од невнимателноста насочена само кон грижата за себе, ја замаглува нашата совест и нè прави, дури и ненамерно, соучесници. Меѓутоа, староста – според Папата – е на вистинска положба да ја сфати измамата на таа нормалност на животот опседнат со уживање и лишен од внатрешноста. Ние, постарите, предупредуваме: „Внимавајте, таа расипаност ништо не ти донесува“. Тоа е мудроста на старите: денес е потребно многу време да се оди против расипаноста. Новите генерации очекуваат од нас постарите збор кој е пророштво, кој отвора врата за нови перспективи надвор од овој безгрижен свет на расипаност и навики на расипани работи.

Повикајте ги постарите да се грижат

Осврнувајќи се на значењето на староста, Папата рече дека повикот што ѝ припаѓа е да бидат пророци против расипаноста, да го предупредиме секој млад човек на правиот пат, притоа да го зачува богатството на сопственото искуство. Бог ја избира харизмата на староста за да се грижи за иднината на една генерација во опасност, по примерот на Ное, примерот на таа возраст што раѓа. Така ние постарите мора да се грижиме за помладите, за децата кои се во опасност – рече Папата и на крајот ги повика сите луѓе на – како што рече – одредена возраст.

Бидете внимателни; вие сте одговорни да предупредувате за човечката изопаченост во која се живее и во која продолжува тој начин на живот во релативизам, како сѐ да е дозволено. Одиме напред. На светот му требаат силни млади луѓе, кои одат напред, и мудри постари луѓе. Го молиме Господ за милоста на мудрост – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот