Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Празникот на свети Стефан – прогонети 245 милиони христијани

На ден кога Црквата го слави празникот свети Стефан, првомаченик, потребно е да се сетиме на многу големиот број луѓе кои поради својата христијанска вера и денес се прогонувани во различни делови на светот

Ватикан Вести

Папата, Џастин Велби и Џон Чалмерс објавија заедничка порака до водачите на Јужен Судан

Папата Фрањо, англиканскиот примас и поранешниот модератор на Презвитеранската црква на Шкодска испратија заедничка честитка за Божиќ и Нова година до претседателот на Јужен Судан, Салва Кир Мајрдит и до лидерот на опозицијата Риек Мачар. Ги воздигнуваме до Христос Спасителот нашите молитви за обновената посветеност на патот на помирувањето и братството – стои во пораката

Ватикан Вести

Папата: Како Јосиф да Му веруваме на Бог и во неговата логика која изненадува

Токму тоа непоколебливо верување во Бог му овозможи да ја прифати таа, човечки гледано, тешка и, во одредена смисла, неразбирлива ситуација. Јосиф во верата сфаќа дека детето зачнато во утробата на Марија не е негово, туку е Божји Син, а тој ќе му биде хранител, преземајќи ја така во пополност улогата на земски татко – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во недела 22 декевмри 2019 година

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Играта со децата е многу важна

Папата се сретна со децата која се лекуваат на педијатриската амбуланта „Света Марта“.  По божиќната приредба која за него ја подготвија децата, Светиот Отец се обрати на монахињите и волонтерите, како и на родителите на децата, потсетувајќи ги сите колку е важно на децата да им се пружи радост

Ватикан Вести

Папата Фрањо се сретна со членовите на Римската курија

Папата на членовите им посака за Божиќ, празникот Рождество Христово, на Римската курија, цитирајќи го свети Џон Њуман кардинал, „да ги најде слични на Оној кој во ова време за нас стана Дете; секој нов Божиќ да нѐ најде се поедноставни, поскромни, посвети, повеќе добротворни, поспокојни, посреќни, полни со Бог… Ова е време на невиност, чистота, милина, радост, мир.

Ватикан Вести

Папата го прифати одрекувањето на кардинал Анџело Содано на местото декан на Кардиналскиот колегиум

Во сабота, на 21 декември 2019 година, папата Фрањо го прифати одрекувањето од службата на кардинал Анџело Содано на местото декан на Кардиналскиот колегиум кој го отстапи заради својата возраст

Ватикан Вести

Папа: Сите сме одговорни за животот на ближниот, Бог од нас ќе бара сметка

Папата Фрањо во Ватикан се сретна со бегалците кои неодамна од островот Лезбос дојдоа во Рим, обраќајќи им се забележа дека поради неправда многу мигранти се присилени да ја напуштат својата земја и поради неправда исто така се одбиени и препуштени на смрт во морето

Ватикан Вести

Света Марта: Да му благодариме на Господа за дарот на спасение

Господовата благодат може да промени сè и ние секогаш мора да бидеме подготвени за тоа – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија во четврток 19 декември 2019 година, која ја служеше во капелата на домот Света Марта

Ватикан Вести

Папа Фрањо: Јаслите се уметничка слика на мирот

Кога ги изработуваме јаслите во својот дом, тоа е исто како да ја отвараме вратата и да велиме: Исусе, влези!; тогаш конкретно ја правиме таа блзина, тој повик Исус да дојде во нашиот живот. Затоа што ако Тој престојува во нашиот живот, животот повторно се раѓа. Ако животот повторно се раѓа, тоа е вистински Божиќ – рече Папата вчера на Фенералната аудиенција одржана во салата Павле VI

Ватикан Вести

Папа на децата од Католичка акција: Исус ве повикува да бидете мали мостови помеѓу небото и земјата

Папа Фрањо ги прими на аудиенција детскиот огранок на италијанската Католичка акција (ACRA) по повод 50-годишнината од нејзиното основање и ги покани да ги набљудуваат Марија и Јосиф за да научат како да го примат Исус