Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј I: Да работиме за полно единство

Традиционално, на празникот Свети Андреј, патронот на Цариградската црква, папата Фрањо испрати честитка до Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, која беше предадена од кардинал Кох, претседател на Папскиот совет за унапредување на единството на христијаните, кој како Папски претставник го посети Истанбул, седиштето на Вселенската патријаршија.

Ватикан Вести

Папата ќе објави Апостолско писмо за Витлеемските пештери

После молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на ситуацијата во Ирак и ја најави посетата на местото во кое свети Фрањо Асишки пред речиси 800 години ги направи првите јасли.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Да се бдее значи да се има слободно срце, подготвено за служење

Божиќниот пост е вистинско време да Го прифатиме Исус, кој како гласник на мирот доаѓа за да ни ги покаже Божјите патишта – рече папата Фрањо во пладневниот наговор кој го одржа пред молитвата Ангел Господов во неделата на 1 декември 2019 година

Ватикан Вести

Папата до Каритас: „Лудоста на љубовта“ во помагањето на другите

На 29 ноември 2019 година, папата Фрањо ја посети Тврдината на милосрдие „Света Хијанцита“, институција на Каритас сместена на периферијата на Рим која оваа година слави 40 години постоење

Ватикан Вести

Папата: Смртта е средба со Господ која треба да се чека со надеж

Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 29 ноември 2019 година зборуваше за крајот кој го очекува секој од нас, односно за смртта, прикажувајќи ја како момент во кој Господ доаѓа за да нѐ земе и за кој бара да бидеме подготвени.

Ватикан Вести

Папата Фрањо ја прими во посета естонската претседателка Керсти Каљулаид

За време на срдечниот разговор ја спомнаа и посетата на Папата на таа балтичка земја во 2018 година, се дискутираше за прашања од заеднички интерес, а исто така разговараа и за меѓународни теми, посебно за ситуацијата во Украина и на предизвиците кои се однесуваат на Европа.

Ватикан Вести

Папа до правниците: Отфрлете ги пресудите кои исполнуваат туѓи желби

Во петок, 29 ноември 2019 година, папата Фрањо ги прими на аудиенција учесниците на 5. Конгрес на Центарот за студии на Росарио Ливатино. Центарот го носи името по еден млад судија убиен во 1990 година од мафијата. Конгресот се одржа при Сенатот на Република Италија и се осврна на многу актуелна тема: „Судството во криза. Начини да се најде правда “.

Ватикан Вести

Помош од Папата за погодените подрачја во Албанија

Надбискупот на Тирана, монсињор Френдо во разговор за Радио Ватикан искажа благодарност до папата Фрањо на зборовите за поддршка кои ги упати на албанскиот народ за време на Генералната аудиенција, како и на телеграмата до албанскиот претседател

Ватикан Вести

Папата: Најсериозна опасност е да се изгуби смислата на животот

Лицемерно е да се зборува за мир додека се произведува и продава оружје – рече папата Фрањо вчера во катетеза посветена на Апостолското патување во Тајланд и Јапонија. Папата уште еднаш остро го осуди нуклеарното наоружување. Во центарот на неговото размислување беше губењето на смислата на живот што првенствено ги погодува младите и борбата против експлоатацијата на жените и децата.

Ватикан Вести

Папа: Противењето на нуклеарното оружје треба да влезе во Катехизмот на Католичката Црква

Разговарајќи со новинарите во авионот на враќање од Токи во Рим, папата Фрањо повторно ја истакна силната порака од Хирошима изразувајќи ги своите сомнежи што се однесува до нуклеарната централа се додека не се постигне целосна сигурност.